Илјадници посетители го прославија 4-от роденден на Капитол мол

Веќе 4 години по ред Капитол мол е една од главните дестинации за добар шопинг и забава за сите генерации – од најмладите до најстарите. И покрај тоа што е прилично нов мол, во Капитол мол шопингот е само една од многуте можности кои ги нуди, а вреди да се споменат и фитнес центарот опремен со најнови машини за вежбање,  куглана, одлична игротека, кафе, добра храна и супер маркет.

Оваа година 4-от роденден на Капитол мол беше прославен во 5 целосно исполнети денови со многу активности, забава, музика, игри, попусти и подароци. Роденденската прослава имаше за цел да овозможи сосема нова димензија на забава која никого не остави рамнодушен. Програмата вклучуваше детски и забавен дел, меѓутоа главниот фокус беше на детската и семејната програма.

За време на детската програма беа вклучени многу активности за деца проследени со прекрасна музика. Помалите посетители имаа можност да се активираат во правење креативни роденденски честитки и во боење и цртање на роденденската торта на Капитол мол каде беа придружени од уметниците Тоциновски, вклучени беа и многу семејни игри каде семејствата имаа можност повторно да се обединат на едно место и да имаат незаборавни моменти.

Детската радост беше исполнета со годишното финале на ЛЕГО турнирот каде доаѓа до израз и натпреварувачкиот дух, заедно со присуство на аниматори, семејни игри, креирање роденденски честитки, но и роденденско караоке во игротеката Kids Park со „Поточиња“. Овие активности резултираа со огромна среќа и насмевки кај најмалите. Радоста и возбудата беа зголемени со салса танчарите од Академија Рекреатива, забавување со пантомимичари и куклено шоу. Идејата за одржување на овие точки беше да се запознаат децата со нешто поинакво за разлика од забавата која ја нудат сите електронски уреди.  Целта на роденденската програма беше да се создаде среќа и насмевки кај најмалите во текот на целата роденденска прослава на Капитол мол.

Забавната програма беше наменета за сите возрасти. Главна тема на оваа програма беше музиката и танцувањето како симбол за веселба, така што центарот беше исполнет со забавната музика на Dj Mats, настап на најпознатото танчарско студио во Скопје и пошироко – Beatrix Crew, чувствување на роденденската магија преку магионичарско шоу и со фантастичната музика на ContruDJ. Веселбата продолжи за време на викендот со музиката на Dj Branchez, настапот на Brass Brothers, како и приредување на детска ревија со Tilla.

Поинаква точка беше приредена во понеделникот со поетската вечер, каде беше презентиран поинаков поглед на целата прослава, со многу душа и уметнички елемент.  И за крај, роденденската забава беше завршена со хуманитарниот настан „Од децата за децата“ кој беше специјално посветен за сите деца со посебни потреби, за заедничка дружба, ширење љубов и заедништво, како и класичниот музички концерт на училиштето Кредо.

Капитол мол на четвртата роденденска забава имаше исклучително голема посетеност, но и разновидност на активности, настапи, игри кои ќе останат во спомен на сите кои учествуваа и беа дел од нив.

*Промотивен текст

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе