Илон Маск нуди награда од 100 милиони долари за еколошко решение

Шефот на Tesla Motors, Илон Маск, вчера на Twitter вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за ловење емисии на јаглерод диоксид.

Ловењето на штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина станува критичен дел од многу планови во борбата против климатските промени, но до денес е направен многу мал напредок во таа технологија, при што напорите се насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглерод диоксид.

Меѓународната агенција за енергетика (IEA) кон крајот на минатата година соопшти дека е потребно нагло зголемување на примената на технологија во ловењето на јаглерод диоксидот, доколку земјите сакаат да ги постигнат целите за намалување на нето емисиите на нула.

„Давам награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за ловење јаглерод диоксид“, напиша Маск на Twitter, проследен со уште еден твит во кој вети повеќе детали следната недела.

URL

Маск денес управува со некои од најфутуристичките компании во светот. Покрај Tesla, тој ја води и SpaceX, како и Neuralink, стартап што го поврзува мозокот со компјутерите.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за ловење јаглерод диоксид како дел од неговиот сеопфатен план за борба против климатските промени.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе