Илон Маск продава акции од Tesla од страв да не мора да го купи Twitter

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, продаде 7,9 милиони акции на Tesla во последните денови, а од продажбата заработи 6,9 милијарди долари.

Серијата поднесоци до Комисијата за хартии од вредност откри неколку продажби од петок до вторник навечер.

Ова е прва продажба на акциите на Маск на Tesla од април, кога продаде 9,6 милиони акции, со што тогаш прибра 8,5 милијарди долари. Тие априлски продажби се случија веднаш откако Маск постигна договор за купување на Twitter за 44 милијарди долари.

Сепак, пред еден месец, Маск објави дека не планира да склучи договор за купување, тврдејќи дека менаџментот на Twitter не открил информации за тоа колку кориснички профили се ботови и спам профили, наместо профили управувани од вистински луѓе. Twitter брзо поднесе тужба за да го принуди Маск да продолжи со договорот според условите постигнати во април.

Распродажбата на акциите покажува дека Маск може да го загуби тој случај. Тој беше прашан на Twitter дали завршил со продажбата на акции на што тој одговори „Да“ и предупреди на можноста да биде принуден да го купи Twitter.

Тој нагласи дека е важно да нема итна продажба на акциите на Tesla во случај Twitter да го принуди да ја купи компанијата, а доколку тоа не се случи, вели дека е подготвен да ги откупи продадените акции.

URL
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Бизнис

Недостигот од работници во Германија е сериозен проблем

Read more

ОПЕК: Капацитетот на резервите на нафта се намалува

Read more

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките

Read more

Њујорк ја задржа позицијата на водечки финансиски центар

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе