Има доволно заштитна опрема и се користи соодветно, тврди Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека во справувањето со коронавирусот има заштита опрема сосема доволно, се користи соодветно, а лекарите имаат искуство како се користи.

-Има соодветна едукација и тие имаат искуство во користењето на таа опрема. Дел од вкупните резерви на Министерството за здравство физички стојат на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче. Додаде дека и согласно увидот што го направил Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тој процес е целосно запазен согласно сите протоколи и критериуми и се одвива во најдобар ред.

Министерот Филипче посочи дека е во редовна комуникација со директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со лекарите кои ги водат пациентите, посебно во делот за интензивна нега.

Филипче информира дека засега ставот на Комисијата за заразни болести е дека се продолжува со истата стратегија, односно се тестираат за присуство на вирусот симптоматските пациенти, а се следат нивни примарни и секундарни контакти, според ризикот. Доколку некој од нив е со симптоми тогаш се прави тестирање.

Прашан дали се размислува медицинскиот персонал да биде изолиран, Филипче рече дека здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и ГОБ „Осми Септември“ работат по протокол, со заштитна опрема, имаат и систем на ротација, имаат распоред на своите клиники.

-Доколку се изнуди потреба може да организираме и сместување, но засега не се изнудила таква потреба, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за коронавирусот, Филипче рече дека се работи за болест која има многу непредвидлив тек, а влошувањето доаѓа нагло, како ниедна состојба досега. Според последните објавени студии и списанија за медицински науки, смртноста на пациенти кои се поставени на респираторна машина е 97 отсто и за жал, како што рече, многу малку од тие пациенти се спасуваат зошто ни респираторната машина во една таква тешка форма не може да даде посакуван ефект.

Филипче рече дека овој вирус не ги напаѓа само белите дробови, туку и другите органи. И покрај интензивната терапија, болеста е таква што не може ништо да се направи, односно дадената терапија нема ефект. Додаде дека има многу претпоставки за тоа по кој механизам вирусот ги напаѓа сите органи. 

На денешната прес-конференција министерот нагласи дека целокупниот тек на третман на останатите пациенти, кои не се заразени со коронавирус се одвива нормално и оти досега не се соочиле со никаков проблем.

– Се направи прераспределба на пациентите тука каде што беше најголемата фреквенција и ударот, а тоа е болницата „8 Септември“ и Клиничкиот центар. Дел од пациентите кои беа третирани во одделението за интензивна нега во болницата „8 Септември“ се префрлија на Клиниката за анестезија и реанимација за понатамошно интензивно лекување со цел овие капацитети целосно да бидат посветени, исто како и Инфективната клиника за третман на пациети со Ковид-19 вирусот. Во делот на интензивната нега, тоа се прави во секојдневна координација помеѓу директорите на институциите, наша координација и надзор на целокупниот процес од Министерството, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Во таа смисла, додаде министерот, има сосем доволен број на кревети, интензивни легла за третман на овие пациенти, но и за третман на останатите пациенти.

– Со добра организација успеавме овој систем на третман и за другите пациенти целосно да биде под контрола, рече Филипче.

Тој посочи дека веќе е направена прераспределба на машини, приклучоци и кревети кои ги имаат, а кои досега не биле за интензивно лекување и според него, во овој момент има сосем доволен капацитет на кревети за лекување на пациентите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе