Имаме направено најголем број тестови на милион жители од целиот регион

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата информираше дека досега се направени вкупно 4.117 тестови за коронавирусот и оти земјава има направено најголем број тестови на милион жители од сите земји во регионот. Тој претходно извести за новозаболените пациенти од COVID-19.

–  Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна бројка. Од вкупниот број земји во светот, ние сме меѓу првите 30-40 што сметам дека е одличен резултат и сакам да потенцирам дека не станува збор само за бројка на тестови, туку целокупен пристап кон идентификување на пациентите, нивните контакти, кластерите на заболени, истакна Филипче.

Појасни дека се тестираат позитивни со симптоми пациенти, се идентификуваат нивните примарни контакти и на нив им се препорачува самоизолација и оти тестирајќи на овој начин, институциите имаат целосна контрола и увид во третманот односно состојбата на пациентите.

Во однос на тестирањата,нагласи дека позитивен пациент се смета оној кај кој ќе се утврди присуство на вирусот по направен тест, а не и тестовите за антитела.

– Тестовите на антитела само поставуваат сомнеж дека некој е носител на вирус и затоа кај сите коишто ги прават тие тестови, мора задолжително да се направи тестот за присуство на вирусот, истакна министерот за здравство.

Две илјади тестови и кабинет за дијагноза има донирано и Холандија. Кабинетот за дијагноза на Ковид 19, според министерот, треба да го дуплира  капациетот на сегашната лабораторија во Институтот за јавно здравје.

– Станува збор за една машина, кабинети за изолација, целата опрема која што треба да се инсталира и тестови за 2.000 пациенти. Тоа е практично лабораторија што ќе го дуплира капацитетот на сегашната лабораторија во ИЈЗ. Холандија тоа го донира преку Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена, појасни Филипче.

На земјава ѝ е одобрен е пристап до Европскиот солидаран фонд, што значи дека ќе учествува во заедничките постапки за набавка на материјали и потреби за здравствените институтции. Ова, според министерот за здравство, е голема придобивка за земјава.

Засега не се размислува за заострување на мерките во Куманово, смета Филипче

Министерот вели дека се следи внимателно ситуацијата со бројот на заболени во Куманово и ширењето на коронавирусот, но оти засега нема потреба од дополнителни заострени мерки.

– Нашите анализи, проценката на контактите на сите овие луѓе кои се новозаболени, како контактирале со нивните примарни контакти укажуваат на тоа дека засега не треба да се заоструваат мерките. Ја пратиме ситуацијата секојдневно, се анализираат случаите која била релацијата и местото на живеење. Тоа интензивно на терен го работат епидемиолозите. Така што можно е да се донесат и нови мерки, но не засега, заради тоа што овие рестрикции во движењето, полицискиот час, одвојувањето на двете ризични групи преку ден до 12 и после 13 часот, сметаме дека се доволни мерки, рече на денешната прес-конференција министерот Филипче.

Тој уште еднаш апелираше граѓаните од Куманово, како и сите други граѓани во земјата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и препораки со цел земјата да се справи со ширењето на коронавирусот. Рече дека засега не се размислува за засилување на мерките и оти МВР и инспекторатите се постојано на терен во контрола на спроведувањето на постојните мерки.

-Ова е една ситуација, борба, војна во која сите ние ја носиме одговорноста. Без свест и одговорност на граѓаните како позитивен импут во борбата е тешко да се спроведат сите одлуки и мерки на Владата, порача Филипче. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе