Имола казнета поради Ф1 болид со прегласен V8 мотор

Ф1
Ф.З.
/ 25.01.2023 / 17:58

Во Формула 1 одамна нема билиди со брутален звук од моторите што беше карактеристично за овој спорт, но легендарната патека „Имола“ доби казна поради еден прегласен V8 мотор.

Станува збор за болидот на Ред Бул Рејсинг со ознака RB9 од 2013 година, кој претходно Германецот Себастијан Фетел го возеше до неговата четврта и последна шампионска титула во кариерата.

Раководството на „Имола“ дозволи користење на овој автомобил во октомври, но сега им стигна казна за „прекумерна бучава“.

„На 12 октомври Ред Бул се појави со болид постар од сегашниот, па границите беа надминати. Болидот на патеката мина само неколку круга, а овој инцидент на Ред Бул бешпе единстев кој направи бучава минатата година. Дотогаш секогаш бевме во границите и покрај бројните активности на патеката“, изјави претставничката на патеката „Имола“, Елана Пенаци.

Она што е интересно е фактот дека „Имола“ со години е во календарот на Формула 1, а никогаш немаше добиено казна.

Иако се работи за симболична казна од 500 евра, сепак потсетува на разликата во гласноста меѓу старите и новите автомобили. Додека автомобилите од хибридната ера се гласни, оние со мотори V8, V10 и V12 се нешто сосема друго, што ги принудува гледачите да користат тампони за уши.

Модерните автомобили се потивки поради неколку причини. Благодарение на нивните турбополначи, моторите обезбедуваат максимална моќност од 11.000 до 12.000 вртежи во минута, додека постарите мотори „вртеа“ и до 20.000 вртежи во минута.

Турбополначот исто така го пригушува звукот, поради што модерните автомобили се потивки од старите со релативно едноставни издувни системи.

На спорниот ден Ред Бул Рејсинг снимаше видео за промотивни цели, а болидот го возеа актуелниот Ф1 шампион Макс Верстапен и поранешниот возач на оваа екипа, Дејвид Култхард.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе