Импресивен проект: Вака изгледа куќа направена од 12 контејнери
Куќа во Нов Зеланд е олицетворение на индустриски стил и претставува навистина импресивен проект.
Домот кој се наоѓа во регионот Ваикато во Нов Зеланд е направена од 12 транспортни контејнери и е пример за практичен, еколошки и е релативно евтин дом.
Во куќата има 6 спални соби, 3 тоалети и 3 бањи, а црниот индустриски изглед е во хармонија со големиот син базен.
Куќата е ставена на продажба, а цената сè уште не е објавена. Ваквите куќи чинат помеѓу 150.000 до 175.000 долари.