Инспекциите ќе проверат зошто има поскапувања на некои домашни производи

Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека веќе им дал налог на инспекциски служби да проверат дали, каде и зошто има поскапувања на домашните производи по воведувањето на платежните картички.

 

Според Спасовски, зголемувањето на цените кое го има во некои продавници, не може да биде никако врзано со платежната картичка зашто со неа се зголемува куповната моќ на граѓаните, а со тоа и домашната потрошувачка.

– Има некакви реакции од граѓаните. Веќе дадов налог на инспекциските служби да се провери и во малопродажбата и во производството, да видиме за што станува збор, дали за поскапување на репроматеријали врз основа на кои се зголемува и цената на овие производи или за сосема нешто друго. Ќе видиме што ќе кажат инспекциските органи за оваа појава која не е масовна, но ја има во некои продавници, рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на новата градинка во Волково.

Премиерот уште еднаш апелира дека сега не е момент да се прави профит.

– Апелирам, како што аплерирав и на почетокот на кризата со оглед дека кризата сѐ уште не е завршена, не е момент да правиме профити, сега е момент да помогнеме на граѓаните сите заедно. Тој изрази благодарност до сите компании кои беа општествено-одговорни и помогнаа дури и со намалување на цените, потенцира Спасовски.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе