Instagram тајно работи на наплата за верификуван профил

Социјалната мрежа Instagram наводно работи на воведување наплата за верификувани кориснички профили.

Намерите на Instagram ги откри инженерот Алесандро Палуци, а своите тврдења ги базира на код. Тој сподели скриншотс од кодот на апликацијата на социјалните мрежи, на кои се чита „IG_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“ и „FB_NME_PAID_BLUE_BADGE_IDV“.

Тоа јасно укажува дека „paid blue badge“ се однесува на сините ознаки што ги добиваат профилите на проверените корисници на оваа платформа. FB и IG се однесуваат на Facebook и Instagram, што значи дека Meta размислува за наплаќање за верификуван профил на своите платформи. IDV е добро познат акроним за „верификување на идентитетот“.

URL

Палуци откри голем број претходно ненајавени функции во минатото, вклучително и Организаторот на Instagram. Исто така, овој девелопер наводно открил код поврзан со нов тип на претплата, но сè уште е нејасно дали е директно поврзан со претплатата за верификуван профил.

Twitter Blue е претплата која чини од 8 до 11 долари месечно и им овозможува на корисниците пристап до ознака за верификуван профил, како и до некои експериментални функции. Тоа беше еден од првите потези на новиот сопственик на Twitter, Илон Маск. Сепак, се покажа како неуспешен потфат, бидејќи компанијата не спроведе заштитни мерки за да ги спречи корисниците да имитираат компании или познати личности.

Ако Meta навистина работи на платена верификација, тогаш треба да најде начин да не ја повтори грешката на Twitter. Во моментов, многу е тешко да се верификува профилот, а постои и црн пазар за верификација на Instagram каде што луѓето плаќаат десетици илјади долари за да добијат ознака на нивниот профил.

Засега нема коментари од Meta за откритието на Палуци.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Интернет

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Read more

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Read more

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Read more

Како да ги решите проблемите со Wi-Fi конекцијата?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе