Instagram убавица: Луси Робсон
Русокосата убавица Луси Робсон има 25 години и според многумина важи за најубавата британска голферка.
И додека оваа година сите се погодени од пандемијата на коронавирусот, поради што се откажани бројни спортски натпревари, на Луси засега добро ѝ оди. Нејзината заработка надмина милион долари.
Таа заработува како модел на брендот FashionNova, а на Instagram објавува снимки и фотографии од нејзината работи, како и од приватниот живот. Токму Луси е амбасадорка на брендот FashionNova и ја презентира новата колекција спортска облека.