Instagram воведува коментари за Stories

Instagram подготвува нова функција за своите корисници, а тоа е можност за оставање коментари за Stories.

Досега корисниците можеа да реагираат на сториња само преку директни пораки, но дојде време за промени. Новата функција нуди „повидлив“ начин на корисниците да комуницираат со објавите на нивните пријатели. Лицето што ќе ја објави приказната повеќе нема да добива коментари како директни пораки, а претставник на Meta, која е сопственик на Instagram, рече дека „коментарите ќе живеат само на сторињата“.

Коментарите на стори може да се вклучуваат и исклучуваат за секоја објава. Кога се вклучени, коментарите ќе може да ги види секој што следи одреден профил, но само луѓе што меѓусебно се следат на Instagram. Како и со објавите на стори, коментарите ќе исчезнат по 24 часа. Мали профилни фотографии од луѓе кои коментираат на стори ќе се појават на дното на иконата Story, така што корисникот ќе знае дали има коментари пред да ја види објавата.

Од друга страна, корисниците сепак ќе имаат можност да одговорат на сторињата со директна порака доколку корисникот што ги објавува избере да прима такви пораки во поставките на нивниот профил. Исто така, постои опција за испраќање директни пораки како одговори на коментарите на стори, што може да се направи со лизгање налево на текстот и со избирање на иконата за приватна порака.

Instagram нуди сè повеќе начини за уредување на нивните приказни. Објавите може да се креираат со помош на приспособливи шаблони, можно е да се добие позадина генерирана од вештачка интелигенција и да се користат голем број интерактивни налепници.

Тагови
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Софтвер

Како бесплатно да го спасите компјутерот кога ќе заврши поддршката за Windows 10?

Read more

YouTube тестира Premium план за двајца корисници

Read more

ЕУ го казни TikTok со 530 милиони евра

Read more

Spotify бележи рекорден квартал, достигна 678 милиони корисници

Read more
 

Гик

  • filter

Кој европски град има најмногу облакодери по глава на жител?

Читај повеќе

Германија му врти грб на јагленот: Сончевата енергија го надминува лигнитот

Читај повеќе

Што ќе се случи со вашиот компјутер кога ќе дојде крајот за Windows 10?

Читај повеќе
  • play_arrow

Лендер од времето на СССР падна на Земјата по 53 години во орбитата

Читај повеќе

Apple со еден потег сериозно го потресе Google

Читај повеќе

Huawei го претстави првиот лаптоп со својот оперативен систем

Читај повеќе

Приказна за легендарната фотографија што го симболизира падот на нацистичка Германија

Читај повеќе

Бил Гејтс ќе донира 99% од неговото богатство

Читај повеќе

Кина ќе ги одржи првите игри за хуманоидни роботи: Атлетика, фудбал и танцување

Читај повеќе