Интелигентните луѓе се „ноќни птици“

Не се чувствувајте лошо ако сте од оние луѓе кои често ја користат опцијата snooze и наутро го доложуваат алармот неколку пати. Според најновите истражувања, луѓето со вакви навики се поинтелигентни и покреативни.

Ако си легнувате подоцна и секое утро го одложувате алармот по пет до десет минути, полесно се прилагодувате на модерниот начин на живеење.

Луѓето кои го слушаат своето тело и неговата потреба за сон, а не им робуваат на часовникот и на времето, се наклонети да размислуваат независно.

За потребите на истражувањето биле испитувани навиките на спиење на 130 студенти, а потоа им бил мерен коефициентот на интелигенција.

Според психолозите, просечниот коефициент на интелигенција и начинот на спиење и будење дефинитивно се поврзани.

Луѓето од дамнешни времиња биле навикнати да си легнуваат со првиот мрак, а да се будат о првите сончеви зраци. Според психологот Сатоши Каназава од Лондон, просечните мозоци се програмирани да го следат овој распоред на спиење, но поинтелигентните сакаат да се спротивстават на тоа и да создадат свои шеми и распореди.

Истражувањето покажало дека студентите со коефициент на интелигенција под 75 одат во кревет барем половина час пред полноќ, а оние со повисок од 125 половина час по полноќ.

„Интелигентните луѓе се ноќни птици“, стои во заклучокот од истражувањето.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе