Интензивното вежбање кое се практикува за да се добијат посакуваните резултати за брзо време, може да биде штетно за вашето тело и здравје. Кои се симптомите дека сте претерале со вежбањето?
Напорниот тренинг и вашиот ентузијазам може да предизвикаат различни нуспојави. Како да забележите дека сте претерале и дека ви е потребен одмор?
Не постигнувате резултати
Секој тренинг не може да биде ист. Доколку не можете да ја постигнете зацртаната цел, а порано сте можеле, тогаш веројатно сте го достигнале максимумот.
Болката не поминува
Нормално е да имате воспаление на мускулите ако неодамна сте започнале со вежбање, но доколку вежбате редовно, а болката не поминува, тоа е знак дека треба да одморите некој период.
Имате хронични повреди
Хроничните повреди се повреди кои се појавуваат и не исчезнуваат. Кога ќе претерате, а не му давате време на телото да оздрави, мускулите нема да се развијат.
Не можете да заспиете
Интензивниот тренинг може да предизвика прекумерно производство на хормонот на стрес, а со тоа не можете да заспиете.
Изгубивте мотивација за вежбање
Секој ден заминувавте во теретана полни со ентузијазам и одеднаш ја изгубивте мотивацијата. Тоа е знак дека претеравте со вежбање и некој период треба да практикувате полесни вежби.