УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Интер без Димарко против Фејнорд

Макфакс/Кајгана
/ 03.03.2025 / 16:54

Играчот на Интер, Федерико Димарко, ќе го пропушти претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Фејнорд поради повреда на бутниот мускул.

Димарко се повреди во саботата на натпреварот против Наполи (1:1) и го напушти теренот на почетокот на вториот дел. Тој го постигна голот за Интер за водство во 22. минута и тоа со мајсторија од слободен удар.

Димарко оваа сезона во Серија А има постигнато 4 голови и има 5 асистенции.

Италијанските медиуми објавија дека 27-годишниот фудбалер би можел да отсуствува околу три недели и најверојатно ќе се врати на терените по репрезентативната пауза.

Покрај натпреварот против Фејнорд в среда во Лигата на шампионите и реваншот на 11-ти, Димарко ќе ги пропушти и првенствените натпревари против Монца и Аталанта.

Освен на Димарко, тренерот Симоне Инѕаги не може да смета и на повредените Јан Зомер, Карлус Аугусту и Матео Дармјан, а неизвесен е Никола Залевски.

Натпреварот Фејнорд - Интер се игра в среда од 18:45 часот на „Де Кујп“ стадионот во Ротердам. Директниот пренос ќе оди на Arena Premium 1.

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе