Интер го потпишал Снајдер по сугестија од шанкер

Филип Здравески
/ 25.02.2025 / 15:37

Неверојатна приказна доаѓа од Италија и тоа за златната ера на Интер која кулминираше во 2010 година со освојувањето на Лигата на шампионите.

„Нераѕурите“ тогаш имаа страшен тим, а дел беше и нашиот Горан Пандев. Во нападот царуваше голгетерот Диего Милито, но еден разигран Холанѓанец токму позади нападот се чини ги држеше конците - Весли Снајдер.

Тогашниот претседател на Интер, легендарниот Масимо Морати, откри интересна анегдота за тоа како всушност го донел Снајдер во Интер. Ниту тоа било на барање на Жозе Мурињо, ниту пак на скаутинг тимот.

„Бев во Форте деи Марми и шанкер ме застана и ми рече: 'Претседателе, ни фали само еден играч. Што ќе прави разлика на средината. Снајдер'“, раскажува Морати во интервју за Corriere della Sera.

Форте деи Марми е мало гратче на северот на Тоскана, со големо крајбрежје со песочни плажи

„Зборуваше со таков убедувачки тон, што, за да избегнам да направам грешка, му се јавив на Бранка и му реков да праша кај Мурињо. Бранка ми се прејави велејќи ми дека Мурињо само извикал 'Би сакал!'“, додаде Морати.

Марко Бранка тогаш беше дел од управата на Интер и работеше на реализација на трансфери. По негова заслуга во Интер дојдоа Лусиу, Диего Милито, Тиаго Мота и Самуел Ето.

„Почнавме преговори, кои брзо напредуваа бидејќи Снајдер не добиваше минутажа во Реал Мадрид. Никогаш повеќе не го видов тој шанкер. А, толку сакав да му се заблагодарам“, ја заврши приказната Морати.

Снајдер дојде во Интер на крајот од летото 2009 година во трансфер вреден 15 милиони евра, кој го договори Бранка. Ја доби 10-ката и веднаш на дебито блесна во 4:0 победата во дербито над Милан.

Мурињо, за разлика од Реал, знаеше како да го искористи Снајдер и да го извади целиот негов потенцијал

Интер таа сезона 2009/2010 ја освои Копа Италија, Скудетото, а кулминираше со Лигата на шампионите. Подоцна го освои и Суперкупот на Италија, како и Светското клупско првенство.

Снајдер замина од Интер во Галатасарај во јануари 2013 година откако одигра вкупно 116 натпревари во сите натпреварувања, постигна 22 гола и асистираше 35 пати.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Read more

Фудбал

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Read more

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Read more

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Read more

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Читај повеќе

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Читај повеќе

Ги добиваме првите полуфиналисти во ЛШ: Барса и Ливерпул бараат чудо

Читај повеќе