ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Интер и Рома си разменија играчи

Политано се сели во Рим, додека во Милано доаѓа Спинацола. Тоа е зделката за која се договорија „Нераѕурите“ и „Џалоросите“.

Двајцата играчи веќе се наоѓаат на нивните нови дестинации каде прво ќе мора да ги поминат задолжителните медицински тестови, а потоа и ќе стават потпис на договорите.

Двајцата имаат по 26 години и се крилни фудбалери, со тоа што Спинацола освен во офанзивата игра и дефанзивно, додека Политано е стриктно офанзивен играч.

Леонардо Спинацола во Рома дојде летово и тоа за 29,5 милиони евра од редовите на Јувентус плус Лука Пелегрини, но не се снајде. Одигра само 11 натпревари во Серија А од кои 6 како стартер и само два цели 90 минути. Поголема минутажа имаше во петте натпревари во Лига Европа каде постигна и еден гол.

Матео Политано игра за Интер од летото 2018 прво како позајмен од Сасуоло за потоа да биде откупен за 26 милиони евра. Кај Лучано Спалети беше стандарден играч, но со доаѓањето на Антонио Конте во Серија А стартуваше само двапати во 11-те натпревари и никогаш не одигра 90 минути. Ист беше случајот и во Лигата на шампиони каде само 4 пати влезе од клупата, секогаш кога Интер бркаше гол.

Најверојатно двајцата најпрво ќе играат како позајмени до јуни со цел да се запази финансискиот фер-плеј, а потоа на лето ќе следува задолжителен откуп.

Во новите тимови двајцата ќе се надеваат на враќање на формата и со тоа враќање и во репрезентацијата на Италија за која Спинацола има 8 настапи, додека Политано 3 со 1 гол.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе