СЕРИЈА А 2024/2025

Интер како никогаш досега го совлада Лацио во Рим и му нанесе невиден дебакл

Фудбалерите на Интер го совладаа Лацио со 6:0 како гости во дерби натпреварот од 16. коло на Серија А и ја продолжија потерата по лидерот Аталанта.

Ова беше најубедливата победа на „Нераѕурите“ досега во Рим против „Бјанкочелестите“, иако самиот почеток на мечот не можеше да навести такво нешто.

Клучниот момент се случи во 41. минута кога беше досуден пенал за Интер, кој Хакан Чалханолу го претвори во гол за 1:0, што означи целосен распад во играта на Лацио.

Пеналот беше досуден поради играњето со рака на нововлезениот Самуел Жиго. Да биде иронијата поголема, откако Французинот со рака ѝ се испречи на топката на патот кон голот по ударот со глава на Дензел Думфрис, Лаутаро Мартинес ненамерно со нога го удри в лице, а потоа доби и колено во пределот на стомакот од залетаниот Думфрис.

Веќе во 45. минута Федерико Димарко зголеми на 2:0 на асистенција на Думфрис, резултат со кој се замина на пауза. За време на полувремето Жиго остана во соблекувалната поради удари што ги доби откако играше со рака, а кутриот Французин имаше влезено во игра во 28. минута на местрото на повредениот Марио Хила.

Кога Николò Барела постигна еврогол за 3:0 во 51. минута, јасно беше дека на Лацио му се заканува вистинска катастрофа.

Само две минути подоцна Дензел Думфрис зголеми на 4:0 на асистенција на Алесандро Бастони, а до крајот на натпреварот Димарко му намести на Карлус Аугусту за 5:0 во 77. минута, додека Хенрих Мхитарјан асистирашпе за Маркус Турам во 90-тата за конечни 6:0 и невиден дебакл за лацијалите.

Интересно, иако го одигра целиот натпревар, Лаутаро Мартинес не се запиша во листата на стрелци, ниту пак асистираше. Аргентинецот нема гол во црно-синиот дрес од 3 ноември кога погоди против Венеција.

Лацио - Интер 0:6
41' (п) Хакан Чалханолу, 45' Федерико Димарко, 51' Николò Барела, 53' Дензел Думфрис, 77' Карлус Аугусту, 90' Маркус Турам

Remote video URL

Со овој натпревар се комплетираше 16. коло, по кое сега Интер дојде на минус 3 од лидерот Аталанта, но има има и натпревар помалку, оној рано прекинатиот со Фирентина. Лацио е петти со 31 бод, 6 помалку од лидерот.

Во следното коло Лацио му гостува на Лече, додека Интер го пречекува Комо.

Табела:

реклама

Фудбал

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Read more

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Read more

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Read more

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе

Реал без Мбапе против Хетафе, неизвесен е и за финалето на Копа дел Реј

Читај повеќе
  • play_arrow

Судиска анализа на ФФМ: Голот на Вардар е регуларен, на Силекс не е

Читај повеќе

УЕФА подели 233 милиони евра – македонските клубови добија трошки

Читај повеќе
  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе