ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Интер му посвети две страници на Пандев во денешната меч-програма

Во најавата за натпреварот од Лигата на шампиони против Славија италијанскиот тим најде место и за прекрасни зборови упатени кон нашиот Горан Пандев.

Во Милано не го забораваат Пандев и неговиот допринос во освојувањето на долгоочекуваната титула во Лигата на шампионите во 2010 година.

Во онлајн изданието на меч-програмата за денешниот натпревар од 1. коло против чешкиот шампион, Интер одвојува две страници за Пандев.

Најпрво ја пренесува неговата фамозна изјава: „Подготвен сум да направам сѐ за Интер, ако треба и да играм бек“, а потоа додава „Горан Пандев, еден од хероите на Триплета е срамежлив, скромен дечко кој себеси се става во служба на тимот и тренерот“.

„Нема потреба да се трошат зборови за неговиот волшебен удар со левата нога. Слободниот удар на Дербито е еден од најдобрите моменти за кои сонуваме кога ќе ги затвориме очите. „Мојот најдобар другар во Интер? Деки Станковиќ. Кога дојдов тој ми помогна да ја сфатам важноста и привилегијата од носењето на овие бои“. Вистински лидер-змеј кој, токму како и Горан, не се плашеше од никој и ништо. Кога помислуваме на македонскиот фудбалер, не можеме а да не се насмееме. Бидејќи тој беше на теренот во Мадрид, бидејќи „тој ден со Интер мојот најголем сон стана јаве“. И нашиот, Горан. И нашиот стана јаве“.

Онлајн изданието можете да го погледнете со клик тука, а таму има и видео од најдобрите моменти на Пандев во црно-синиот дрес.

реклама

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе