Дали знаете кои се заедничките карактеристики на луѓето родени во летните месеци?
Оптимисти се
Луѓето родени во летните месеци се вечни оптимисти, дури имаат тенденција да бидат и претерано позитивни.
Среќни се
Луѓето родени во летните месеци поретко страдаат од депресија за разлика од оние коишто се родени во зима.
Една британска студија откри дека бебињата родени во лето имаат подобро здравје од останатите. Како една од причините се наведува изложеноста на витамин Д.
Постигнуваат одлични резултати на училиште
Бебињата родени во лето најчесто се одлични ученици и постигнуваат успех на секое поле.
Тие се ноќни птици – најпродуктивни се во ноќните часови.
Одлични спортисти се
Летните деца се одлични спортисти, особено оние коишто се родени во август. Затоа треба да ги запишете на некоја спортска активност додека се мали.