Интересни факти за проституцијата што можеби не сте ги знаеле

„Најстарата професија во светот“, како што ја нарекуваат проституцијата, можеби не е токму тоа, но е најверојатно меѓу првите. Размената на секс за пари или други добра, постои од овие почетоци и досега нема замрено. 

1. Тешко е да се соберат податоци за проституција

Во поголемиот дел од светот проституцијата е нелегална, па затоа е тешко да се направи статистика и да се соберат точни податоци за оваа професија. Стравот од легално гонење ги плаши проститутките, но и нивните клиенти да зборуваат за ова. Токму затоа сите податоци за тоа колку работни часови имаат, колку заработуваат дневно или годишно, какви клиенти имаат и слично, не се целосно релевантни бидејќи не ги покриваат сите аспекти од оваа професија.

2. Екстремно опасна професија

Секс-работничките често го избегнуваат легалниот систем, како полиција и судство, бидејќи нивниот бизнис е нелегален. Некои клиенти го искористуваат ова, па девојките во бизнисот завршуваат со болести, малтретирања, па дури и смрт. Според некои статистики базирани на извештаи за смрт во Колорадо, проститутките се убивани 52 пати повеќе од следната најопасната професија за жени - продавачки во маркет за алкохол.

3. Проститутките се ангажираат за многу повеќе од само секс

Сексуалните услуги не се единствената причина поради која се најмуваат проститутките, и тоа се случува многу често. Според некои истражувања, (кои поради горенаведената причина не треба да се земат „здраво за готово“) од 20 до 40% од состаноците на проститутките со клиенти, воопшто не вклучуваат секс, туку: разговор за проблеми со работа, брак, фамилија и сл. Што е интересно, со оглед на тоа дека околу 85% од клиентите се во некаква врска, а 60% од нив се во брак.

4. Шведска има интересен модел за оваа професија

Шведска го има најпрогресивниот модел за справување со оваа професија. Тука не е легално да плаќаш за сексуални услуги, да бидеш макро, но легално е една индивидуа да ги продава истите. Владата смета дека проституцијата е кршење на човековите права и опресија на жените, но не забранува индивидуалци кои сакаат да си ги продаваат телата. Слични вакви закони имаат Канада, Исланд, Северна Ирска и Норвешка.

5. Проститутките се рекламираат онлајн

Како што опасностите од легалниот систем стануваат поголеми за секс работничките, така поретко тие се на улиците, а се рекламираат онлајн, на социјалните мрежи. Веќе постојат неколку апликации за „систем за придружба“, кои функционираат во повеќе европски држави. Но ова го прави потешко за полицијата и социјалните работнички да понудат помош или пак да интервенираат во случај на малтретирање.  

 

реклама

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Живот

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Read more

Како XXI век полека ја губи способноста да мисли?

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Магазин

Неделен хороскоп од 10 до 16 август: Кој знак го очекува голема промена?

Читај повеќе

Како XXI век полека ја губи способноста да мисли?

Читај повеќе

Кога треба да јадете риба за здраво срце?

Читај повеќе
  • play_arrow

Римски брод стар 2.100 години пронајден на дното на морето кај Сицилија

Читај повеќе

Три клучни моменти кога паровите најчесто раскинуваат

Читај повеќе

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе