Интересно истражување за микропластиката во воздухот: Дали всушност ја лади атмосферата?

Научниците претходно утврдија дека микропластиката се наоѓа на најоддалечените места на копното и во океанот, во нашата храна, но и во воздухот што го дишеме.

Во најновото истражување, експертите се обидоа да утврдат точно како честичките микропластика се однесуваат во воздухот и дали тие влијаат на нашиот климатски систем. Имено, други видови честички, како што е прашината, или ја расејуваат, или апсорбираат сончевата светлина и следствено или ја ладат, или ја загреваат нашата атмосфера. Сега научниците открија дека микропластиката ги прави и двете.

Во поголема мера ја лади атмосферата

Експертите првично очекуваа дека микропластиката во воздухот, како и повеќето аеросоли, ќе ја распрсне сончевата светлина и ќе ја рефлектира назад во вселената; што би значело ладење на климата на Земјата, пишува The Conversation.

Повеќето видови на аеросоли во атмосферата расфрлаат светлина, па може да се каже дека аеросолите делумно го компензираат затоплувањето предизвикано од стакленичките гасови. Единствен исклучок е чадот, кој добро ја апсорбира сончевата светлина и има ефект на затоплување.

Студијата покажува дека микропластиката во воздухот е ефикасна за распрскување на сончевата светлина, што подразбира ефект на ладење врз климата. Сепак, може да го апсорбира и зрачењето кое го испушта Земјата, што значи дека многу малку придонесува за ефектот на стаклена градина.

Иако влијанието на микропластиката врз глобалната клима во моментов е многу мало, доминирана од ефектот на ладење, научниците веруваат дека во иднина ќе се зголеми до степен до кој микропластиката во воздухот би можела да има влијание врз климата споредливо со другите видови аеросоли.

Влијанието на климата во иднина

Се проценува дека до денес, околу 5 милијарди тони пластичен отпад се акумулирани на депониите или во животната средина. Таа бројка исто така се предвидува да се удвои во следните три децении. Без сериозен напор за решавање на проблемот со микропластично загадување, експертите веруваат дека тоа може да има позначајно влијание врз нашата клима во иднина.

Студијата Direct radiative effects of airborne microplastics е објавена во списанието Nature.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе