Интернет закани: кои се и како да се заштитите?

Како што дигиталното време напредува со молскавична брзина, така се зголемуваат и заканите кои нѐ демнат на интернет. Поради различната природата и степен на опасност кој го носат со себе овие закани, потребно е да знаете да ги разликувате за да знаете како да реагирате ако се соочите со некоја од нив. Откако ќе го прочитате овој текст, ќе научите како да ги идентификувате најчестите опасности на интернет, но ќе научите и како да го заштитите вашиот бизнис од нив.

Хакерите и програмерите на штетен софтвер стануваат сѐ покреативни кога  се обидуваат да влезат во вашиот компјутер или паметен телефон, за да ги употребат (злоупотребат) вашите податоци. Од тој аспект, неинформираноста на оваа тема може да биде многу опасна, а недостатокот на соодветна заштита во такви ситуации е закана сама по себе. Но, најпрво, кои се главните Интернет закани на денешницата:

Phishing/Фишинг е чин преку кој одредено лице или организација се обидува да добие финансиски или други доверливи информации од корисниците на интернет, обично со испраќање на електронска порака што изгледа како да е од постоечки и легитимен испраќач. Мејлот може да содржи прилог кој го инфицира вашиот компјутер и ве спречува да ги вчитате вашите податоци или пак линкови кои го водат корисникот на лажна веб-страница. Корисно е да знаете како да препознаете фишинг мејл, па затоа пребарајте неколку примери и обучете се како да ја идентификувате оваа закана пред таа да му нанесе штета на вашиот бизнис.

Troyan/Тројански вирус или популарно познат како „Тројански коњ“ (да, исто како оној од Тројанската војна) е штетен софтвер кој може да биде создаден или испратен од сајбер-криминалци и хакери кои се обидуваат да добијат пристап до системот на корисникот. Обично тој се претставува како софтвер кој му е потребен на корисникот, за потоа да се инфилтрира во системот и да ги направи податоците достапни за оној кој го испратил. Една од главните карактеристики на Тројанскиот вирус е тоа што тој може да се прошири и во други компјутери и да ги спои во мрежа, која потоа ќе им нанесе штета на корисниците.

Malware е групен назив за повеќе типови штетен софтвер, како компјутерски вируси и варијации на spyware, кој најчесто се состои од код што е специјално дизајниран за да предизвика голема штета на компјутерскиот систем или да добие пристап до некоја затворена мрежа на податоци. Генерално, функционален антивирус може да ги детектира ваквите закани и да ве извести доколку тие се обидуваат да му пристапат на вашиот компјутер, но сепак ниту тоа не претставува целосна заштита.

Ransomware е малициозен софтвер, кој откако ќе се активира на корисничкиот уред го  блокира пристапот на корисникот до компјутерски фајлови ( документи, слики, видеа), сè додека корисникот не плати одредена сума на пари. Во „инфицираниот” уред се генерираат документи со упатства како корисникот да ја плати сумата и да добие пристап до податоците. Механизмот на кој функционира ransomware е криптирање на фајловите на засегнатиот компјутер, документите и останатите фајлови добиваат чудни икони кои потоа не се отвораат со ниедна апликација.

Безбедноста на вашите податоци, без разлика дали станува збор за вашата домашна и мобилна мрежа или за мрежата преку која го водите бизнисот, е приоритет број еден. 

Преземањето софтвер, купувањето и плаќањето сметки онлајн со себе носат ризици кои не можете секогаш да ги забележите.

Затоа се тука услугите SafeNet HOME, SafeNet MOBILE и SafeNet OFFICE – кои автоматски го проверуваат вашиот фиксен или мобилен интернет сообраќај и веднаш ве информираат за можните закани за вашата домашна мрежа, мобилна мрежа или мрежата во вашата канцеларија.

SafeNet е услуга којашто е интегрирана во мрежата на Телеком и го проверува реализираниот интернет сообраќај, ги блокира потенцијалните закани и ве известува за направените активности. Во случај да детектира Тројански вирус, malware, фишинг електронска порака или друг тип на штетен софтвер, SafeNet ќе го предупреди корисникот и нема да дозволи пристап до заканата.

Македонски Телеком преку услугата SafeNet ви нуди најбезбедна поврзаност, без разлика каде сте - дома, на работното место или во движење. Трите достапни опции: SafeNet HOME, SafeNet OFFICE и SafeNet MOBILE ќе ги заштитат вашите уреди и ќе ги обезбедат вашите уреди, овозможувајќи ви безгрижна работа, размена на податоци и трансакции на интернет.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе
  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе