Интервју со Афродита Салихи - фудбалерката рекордер

Филип Здравески и Гоце Михајлоски
/ 26.12.2024 / 16:53

Афродита Салихи е вистинска легенда на македонскиот фудбал. Во својата кариера има освоено дури 9 шампионски титули, исто толку куп титули, беше прогласена за најдобра фудбалерка, а двапати беше и најдобар стрелец на сезоната. Рекордерка е по титули во женскиот фудбал во Македонија, рекорд што веројатно уште долго нема да биде срушен.

Шпалир за Афродита на пензионирањето од репрезентацијата во јули 2024; Фото: ФФМ

Има ли поголема причина зошто се одлучивме за интервју токму со неа? Богами има! Афродита има над 100 настапи за репрезентацијата на Македонија со околу 30 постигнати голови во сениорската и У19 репрезентацијата! Практично, таа е Горан Пандев (122 настапа) на македонскиот женски фудбал.

А, нејзината клупска кариера е богата не само по освоени пехари. Има настапувано за бројни клубови и тоа: Шќипоњат, Наше Такси, Единство, Кочани, Драгон, Истатов, Атлетико, Скопје 2014 и Шкендија, како и за бугарскиот клуб Олимпија од Софија.

Ова интервју го подготвивме во соработка со колегата Гоце Михајлоски од веб-страницата MacedonianFootball.com, која истово интервју го објавува на англиски јазик (може да го погледнете тука), како и сите нивни вести. Им благодариме за соработката, која всушност и не е прва, а веројатно нема да биде ниту последна.

Имаш играно за многу клубови, запишано најмногу настапи за националниот тим, низ кариерата си запознала многу играчи и тренери. Кои играчи и тренери ти оставиле најголем впечаток?

„Најголем впечаток од играчите ми оставиле, уште во 2004 кога веќе почна женскиот фудбал да се натпреварува, во тие времиња најдобрите фудбалерки беа Ширет Брахими, Виолета Спировска, Милка Арсова, Лемана Латифовиќ, Кате Милеска, Џејлан Шаќири, Вјолца Изеири и Зорица Стојковска“.

„Од тренерите, најголем впечаток, се разбира, најдобриот тренер во женски фудбал беше и сè уште е Добре Димовски. Педагог, тренер, селектор, тој беше пример за сите. Мојот единствен тренер што ме научи сè. Покрај него, тука се и помлади тренери кои многу труд има во нив и го сакаат фудбалот, и ја сакаат својата работа како тренери, Оливер Јовановски од ЖФК Кочани и Шптим Куќи од ЖФК Шкендија“.

Македонија во 2010 година беше домаќин на Европското првенство за жени до 19 години. Тогаш имаше 21 година и немаше право на настап. Гледајќи од денес, колку ова натпреварување беше важно за развој на женскиот фудбал во Македонија? На отворањето против Шпанија во тоа време УЕФА објави дека тоа е рекордна посетеност во историјата на натпреварувањето.

„На Европското за жени во Македонија јас немав право на настап затоа што веќе имав 21 година. Но, секако бев присутна. Тоа беше вистински спектакл за публиката. Имаше голем број на публика, беше од голема важност  за популаризација на женскиот фудбал во Македонија. Многу од тие девојчиња што играа на нашите терени сега се носители на играта на сениорските репрезентации на своите земји. Кога ќе гледате некој фудбалски пренос од ЕУРО или од Мундијал или, пак, од Олимпијада, ќе се потсетите дека многу од тие фудбалерки истрчаа и на нашите терени. Тие не се членки на некои репрезентации аутсајдери во женскиот фудбал, туку напротив, во шампионски селекции како што се Англија, Шпанија, Италија, Франција, Шкотска, Холандија и Германија. За жал, ние и покрај желбата немаме сили да бидеме приближно како нив, зашто кај нас треба да се сменат сфаќањата за женскиот фудбал, кој во светот еднакво е ценет како машкиот. Ситуацијата во нашите градови е што со крајни напори се одржуваат машките клубови, кои имаат долга и богата традиција, а за женскиот фудбал, за жал, нема пари, нема доволно услови. Можеби еден ден и кај нас работите ќе се сменат кон нешто позитивно, што се однесува до женскиот фудбал“.

Салихи во дресот на Македонија; Фото: приватна архива

Кој е најсреќниот спомен што го имаш од женската репрезентација?

„Најсреќен спомен во репрезентација... ги имам повеќе, но ќе го одвојам овој како повпечатлив: кога игравме со Холандија во 2009 година во Зволе квалификации за Европско, без разлика на резултатот. Тоа беше толку прекрасно чувство, прекрасен терен, многу публика, имаше повеќе од 7 илјади навивачи. Тогаш за прв пат играв пред толку публика. Завршивме 13:1. Голот го постигнав јас, дури памтам беше 74. минута. Бев повредена, и само што влегов го дадов голот. Бевме многу среќни, посебно јас. Тоа беше мојот најсреќен момент“.

Македонската женска репрезентација често губела со голема разлика. Колку е тешко да се мотивираат фудбалерките за следниот натпревар по таков висок пораз?

„Едноставно свесни сме за квалитетот на тие репрезентации, работат на професионално ниво, за разлика од нас кои настапуваме во аматерска лига. Тешко е, но секој нареден натпревар е голем мотив да се докажуваме, и желбата да се претставува својата држава е поголема од сè друго“.

Сега, по повлекувањето од репрезентацијата, настапуваш за Кочани во втората лига. Зошто одбра второлигаш?

„Со оглед на тоа дека ја завршив репрезентативната кариера, втората лига повеќе ми е како рекреативно. Во Кочани во 2014 освоив двојна титула, таму ги имам најубавите спомени, предизвик е тоа можеби што сакаме да го вратиме ЖФК Кочани таму каде што припаѓа. Во прва лига без ниту еден пораз“.

Со двата пехара од сезоната 2013/2014 во дресот на Кочани; фото: приватна архива

Во втората лига си апсолутно најдобар голгетер и твојот тим скоро секогаш постигнува 10 или повеќе голови по натпревар. Се чини дека повеќето тимови се на многу пониско ниво. Колку е предизвик да се игра во лига каде што лесно доминирате и како тим и како играч?

„Со оглед на тоа што и првата лига не ни е сјајна, нема многу услови. Втората лига е уште многу послаба, искрено. Има играчи сè уште неискусни, слабо се работи по клубовите, помладите девојчиња мора повеќе да работат и да се посветат, да имаат повеќе желба доколку сакаат да успеат. Не сум навикната. Некогаш се доаѓа и до нервози затоа што многу лесно се доаѓа до голови, нема борба, нема жар. Веднаш го знаеме резултатот. Понекогаш испаѓа како да си поигруваме со нив, но ние сме таму за да стигнеме до целта и мора да си ја завршуваме работата“.

Со оглед на резултатите од есенскиот дел, ќе си земеме за слобота да кажеме дека Кочани сигурно ќе ја освои втората лигаа и ќе се пласира во првата. Дали ќе останеш таму и следната сезона?

„Следната сезона не планирам да продолжам, таму ја завршувам кариерата и на клупско ниво“.

Повеќето од тимовите со кои се соочуваш во втората лига се составени од фудбалерки тинејџерки, со скромно или никакво искуство. Дали имаш некој совет кој би сакала да им го дадеш, како да се развиваат и да имаат кариера како твојата?

„Ги советувам девојчињата кои сакаат да успеат во фудбалот, да не се откажуваат, да трениират ако тоа ги исполнува, и ако сакаат да успеат пред сè мора да веруваат во себе. Ќе успеат само ако го сакаат тоа што го работат. И ако тоа ги исполнува“.

Дали имаш амбиција да станеш тренер по пензионирањето од активното играње? Или на некој друг начин да останеш во фудбалот?

„Работам како негователка во детската градинка ‘Росица’. Но, планирам и да конкурирам за лиценца за тренер на мали дечиња. Па, за понатаму ќе видиме“.

Афродита со пехарот освоен со Шќипоњат во 2004/2005 (лево), во У19 репрезентацијата во 2006 година (десно горе) и во сениорската репрезентација (десно долу); фото: приватна архива

Што повеќе сакаш да гледаш, машки или женски фудбалски натпревари?

„Фудбал гледам само кога игра Барселона. И мажи и жени“.

Летото 2025 во Швајцарија се игра женското Европско првенство. Кои репрезентации мислиш дека имаат најголеми шанси да го подигнат пехарот?

„Европско првенство во Швајцарија мислам дека ќе го освои Шпанија. Според мене, играат најубав и најпаметен фудбал. Но, тука се и Французинките“.

Според најновите податоци, бројот на жени кои се соочуваат со дискриминација во фудбалската индустрија продолжува да расте. Дали некогаш си се соочила со дискриминација од спортските новинари кога известувале за настани во женскиот фудбал? Дали си задоволна од покриеноста на женскиот фудбал во македонските медиуми?

„Со дискриминација во женски фудбал не сум се соочила до сега, се надевам и дека нема и понатаму“.

„Задоволна сум од покриеноста на женскиот фудбал. Последниве периоди се малце повеќе активни, но треба уште повеќе да го зголемиме и да биде помасовен женскиот фудбал, да имаме внимание од сите медиуми“.

Што би сакала да им посакаш на нашите читатели за Нова година?

„На вашите читатели пред сè им посакувам здравје, да гледаат фудбал, да го сакаат женскиот фудбал, да доаѓаат да нè бодрат. Им посакувам среќна Нова година и среќни празници. Ви благодарам и на MacedonianFootball и на Кајгана.

реклама

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Read more

Tрик што ќе ви помогне како да изберете блага лубеница

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Како да добиете интернет на плажа во Грција за само 10 евра за 7 дена?

Read more

Интервју

Моќта на солидарноста: Заедницата кај нас е веќе мобилизирана!

Read more

Филозофски филмски фестивал – адут за разнишување на кич културата

Read more

Нихат Оздал: Поезијата најмногу живее кога еден поет го слуша другиот

Read more

Марија Велинова: Доста беше „на ти го-дај ми го“, да го разбиеме елитниот круг во културната фела

Read more
 

Ново

Полска забрани пушење на сите видови цигари на работно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија и Украина со жестоки меѓусебни напади изминатата ноќ

Читај повеќе

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Читај повеќе

Што му предвидува викенд хороскопот на вашиот знак?

Читај повеќе

Полска ја криминализира пропагандата на комунистичката идеологија

Читај повеќе
  • filter

Мелис, Мира и Малахат – тројката родена во Жан Митрев Клиника заминува дома

Читај повеќе

Кремљ: Создадовме одреден имунитет кон западните санкции

Читај повеќе

БиХ останува без 100 милиони евра помош од ЕУ

Читај повеќе
  • filter

18 јули 64, голем пожар го уништил Рим

Читај повеќе