Интервју со Билјана Николовска, Рептил Маркети

Пандемијата на коронавиурс многумина од нас нè натера вообичаеното пазарење на неопходните намирници, наместо во маркет да го вршиме онлајн преку нашите компјутери и мобилни телефони, користејќи ги придобивките на е-трговијата. Благодарение на маркетите кои ја овозможуваат оваа услуга, само со неколку клика ја полниме кошничката и таа е доставена до нашата врата, избегнувајќи ги гужвите и што е најважно, не го ставаме нашето здравје во ризик.

Рептил е токму еден од тие маркети кои им излегоа во пресрет на купувачите, отворајќи ја својата онлајн продавница marketonline.mk, каде се достапни сите производи како и во маркетите, а пазарењето може да се прави од сите типови на уреди и е неверојатно брзо и едноставно. Нарачаните производи од маркетот ги бираат внимателно и гарантираат за нивниот квалитет и свежина, а доставата низ целата држава се врши во термин кој ќе го одбере купувачот.

Рептил Маркетите веќе 24 години ги следат барањата на потрошувачите и се прилагодуваат на модерните времиња. Од компанија која е основана врз темелите на некогашните самопослуги Центро, преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал, денес тие прераснаа во современ ланец маркети со над 300 вработени, но и успешна и сѐ повеќе посетувана онлајн продавница, и тоа благодарение на платежната платформа за е-бизниси на Халкбанка, преку која верните потрошувачи на Рептил можат од секаде да ги порачуваат нивните производи.

За предностите на е-бизнисот, за придобивките од електронските платформи и партнерството со Халкбанка и при нивно водење, зборувавме со Билјана Николовска, извршен заменик директор во Рептил Маркети.

Се сеќавате ли на првата зделка преку вашата веб-платформа? Дали го прославивте тој момент?

Секако дека се сеќавам. Нашата е-продавница marketonline.mk ја отворивме во 2016 година и нашите први купувачи, физички, како и правни лица, и ден денес се наши верни онлајн клиенти. По неуморната работа на нашата веб платформа, за нас следуваше една поважна задача, односно како да се стекне и задржи довербата и задоволството на нашите онлајн купувачи. Наша цел е тие да го имаат истото чувство како во нашите маркети, да пазаруваат со срце и задоволство, а своето позитивно искуство да го пренесат и на своите најблиски, на тој начин создаваме една широка мрежа на наши верни и задоволни купувачи.

Кои се 3 клучни елементи за развој на успешен е-бизнис?

Водењето на е-бизнис е еден голем предизвик на денешнината, а во исто време и неопходност. Од нашето повеќегодишно искуство во е-трговијата, како три клучни елементи кои се важни за водење на успешен е-бизнис би ги издвоиле: грижата за купувачите преку ефикасна услуга, следењето на трендовите и постојаната надоградба, и маркетингот. Кога овие три компоненти ќе се спојат, успехот е неизбежен.

Кои се најубавите моменти кои доаѓаат со водење е-бизнис? Кои се предностите?

Најубавите моменти во водењето на е-бизнисот се секако позитивните коментари од нашите купувачи. Тогаш знаеме дека сме ја постигнале нашата мисија и визија и сме стекнале доверба кај купувачите со тоа што ја нудиме најдобрата услуга во градот. Предностите на е-бизнисот се тоа што во овие вонредни околности, ние можеме да ги задоволиме барањата на купувачите и да го олесниме нивното секојдневие преку услуги кои се уште подостапни за секој жител на нашата држава.

Која е алатката/услугата која ви го олеснува бизнисот?

Не можеме да негираме дека технолошкиот развој значително го олеснува бизнисот. Постојат бројни онлајн алатки преку кои можеме брзо и ефикасно да ги пратиме информациите до купувачите, а секако, да добиеме фидбек за континуирано подобрување. На тој начин, нашите услуги ги развиваме и прилагодуваме на потребите на нашите купувачи, а со тоа ја зацврстуваме и нашата позиција како еден од водечките маркети во државата.

Кога би требало да ни раскажете само една кратка приказна поврзана со вашиот бизнис која би била таа?

Рептил маркетите се сами по себе една убава приказна, која започнува во 1996 година, и се појавува како мал семеен бизнис на пазарот. Потоа, со тек на годините, прераснува во успешен бизнис. Успешноста се состои во тоа што Рептил функционира како едно големо семејство, составено од вработените, купувачите и добавувачите, притоа секогаш внимавајќи сите страни да бидат задоволени.

Во текот на годините постојано се едуцираме и надоградуваме и ги следиме потребите на пазарот, па така, се роди и нашата онлајн продавница, на која сме особено горди.

Кои се во моментов вашите омилени услуги кои ги нудат останатите е-бизниси?

Како повеќето од нас, во последниов период, сè почесто правам онлајн нарачки. Покрај основните производи, од останатите услуги омилени ми се купувањето на книги, козметика, домаќинство, и сè она што не можеме да го набавиме како вообичаено, посебно поради оваа вонредна ситуација.

Како Халкбанка се вклопи во вашата приказна?

Со Халкбанка соработуваме веќе подолго време, и поради довербата и сигурноста која ја имаме стекнато во текот на годините, одлучивме соработката да ја прошириме и во делот на е-продажбата. На тој начин, нашата приказна на обострано задоволство доби ново поглавје.

Дали Халкбанка помага за полесен развој на е-бизниси?

Халкбанка, со услугите и можностите кои ги нуди за безбедно електронско плаќање, претставува мост помеѓу е-продавницата и купувачот. На тој начин пазарењето и понатаму претставува задоволство кое отсега може да се извршува и од удобноста на нашиот дом, притоа имајќи ги предвид и препораките за седење дома како превенција и заштита од коронавирус.

реклама

Америка е на раб на граѓанска војна, полицијата клекна пред демонстрантите

Read more

Нови 89 случаи на заразени со коронавирусот, починати 7 лица

Read more

Храна која го намалува нивото на тестостерон

Read more

Конечно тестирано семејството на починатиот од COVID-19 од Чаир

Read more

Интервју

[КАЈГАНА интервју] Камбек на Стефанија Насеска: Модно Скопје ќе стане Берлин на Балканот

Read more

Интервју со Билјана Николовска, Рептил Маркети

Read more

Се водев по човечкиот модел на семејство, не се идентификувам со балканскиот принцип

Read more

Ново

  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за италијанската хорор серија „Curon“

Читај повеќе

Серија А почнува со Торино - Парма?

Читај повеќе
  • filter

Почина славниот современ уметник Христо

Читај повеќе

Можно воведување карантин во некои општини

Читај повеќе

Шпанците се на ред - Севиљано ќе ја отвори обновената Ла Лига

Читај повеќе

Јовановски: Тврдењата на обвинителката се цитати од филмови, а не цврсти докази

Читај повеќе

ДИК: Не сме почнале подготовки за предвремените избори, ја почитуваме владината уредба

Читај повеќе

Османи: Ниту една рестриктивна мерка не е подобра од личната свест

Читај повеќе

„Гласен текстилец“ бара времено затворање на конфекциите во Штип

Читај повеќе