СЕРИЈА А 2021/22

Инѕаги: Јуве само од пенал можеше да даде гол

Тренерот на Интер вели дека во однос на синоќешното Дерби д'Италија неговиот противник можел да постигне гол единствено преку белата точка, што всушност и се случи благодарение на контроверзен пенал.

Симоне Инѕаги не може да биде задоволен од бодот кој неговиот Интер го освои пред своите навивачи синоќа на „Џузепе Меаца“. Интер имаше водство уште од 17-тата минута со голот на Един Џеко од, но трите бода ги загуби на минута пред крајот кога по интервенција на ВАР Јувентус доби удар од белата точка, пенал кој крена огромна порашина на Чизмата, по којзнае кој пат.

„Мислам дека тоа беше единствениот начин како да примиме гол. Разочарувачки е бидејќи имав чувство дека го контролираме натпреварот од почетокот до крајот, на Јувентус не им дозволивме ништо и не сум среќен гледајќи како губиме два поена“, вели предводникот на „Нераѕурите“ за DAZN.

Инцидентот се случи на самата линија од шестнаесетникот кога Алекса Сандро ја исфрли топката, а потоа Думфрис го поткачи него по ногата. Судијата првично покажа играта да продолжи бидејќи самиот Бразилец ја исфрли топката од себе, но потоа го повикаа од ВАР, а резултатот на крајот беше пенал.

„Судијата беше токму кај местото на настанот, можеше да види што се случи и немаше потреба да го викаат за да прегледува. Разочаран сум поради нашите навивачи бидејќи игравме добро и заслуживме повеќе“, додава Инѕаги.

Remote video URL

Реакцијата на Инѕаги за досудениот пенал беше многу нервозна по што главниот судија Маурицио Мариани му покажа црвен картон и го прати во подтрибинскиот простор.

„Воопшто не бевме под притисок, имавме контрола од почеток до крај. Признавам дека мојата реакција не беше добра, но во тој момент чувствував дека тоа не беше работа за ВАР“.

„Како тренер, во 89-тата минута од ваков натпревар, со судија кој е токму таму и вели играта да продолжи, нормално е да се биде гневен како што бев јас“, дополнува тој.

„Потрошивме многу енергија играјќи пресинг низ целиот терен во првото полувреме, знаевме дека Јуве може да ги внесе од клупа Кјеза, Дибала и останатите, па затоа излеговме подлабоко. Но, јас и натаму тврдам дека на Јуве не му дозволивме ништо“.

„Јувентус е екипа која експлодира на контри, а ние тоа не им го дозволивме. Целиот тим работеше напорно, си помагаа еден со друг и затоа резултатот за нас е поразителен“, заврши разочараниот Симоне Инѕаги.

Со ремито Интер не успеа да се доближи до водечките Наполи и Милан кои имаат 25 бодови наспроти 18 на Интер. Јувентус е на 6. место со 15, колку што имаат и Аталанта и Фиорентина.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе