Иран категорично негира поврзаност со нападот врз Салман Ружди

Кајгана / МИА
/ 15.08.2022 / 13:22

Иран денес „категорично“ негираше каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД.

Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што тој е тргнат од респиратор. Меѓутоа, според најблиските, тој и понатаму е „во критична состојба“, иако веќе можел да изговори неколку зборови.

Британецот со потекло од Индија, чиј роман „Сатански стихови“ доведе до смртни закани од Иран во 80-тите години, во петокот требаше да одржи предавање во државата Њујорк. Тој се здоби со неколку убодни рани во пределот на вратот и стомакот. Неговиот напаѓач е уапсен и се изјасни за невин.

„Категорично негираме каква било врска меѓу агресорот и Иран и никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“. Ова беше истакнато од страна на Насер Канани, портпарол на Министерството за надворешни работи, во првата официјална реакција на Техеран на нападот врз Ружди.

Во 1989 година во Иран е издадена фатва – повик кон сите муслимани да го убијат Ружди и сите оние поврзани со издавањето на „Сатански стихови“.

Фатвата беше укината од страна на иранската Влада во 1998 година. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе