Иранската манекенка Махлаха Џабери неодамна присуствуваше на фестивалот во Кан, а за таа прилика реши да испрати порака до својата земја.

Имено, оваа иранска манекенка предизвика бурни реакции со одлуката да дојде на филмскиот фестивал во фустан со декорација во стил на јаже за бесење. Тоа е начин да се изрази протест против егзекуциите на режимот во Иран.
Во долгиот црн фустан на дизајнерката Џила Сабер, оваа 33-годишна манекенка предизвика бројни позитивни и негативни реакции кај луѓето. Она што не можеше да се види во Кан е дека на задниот дел од фустанот има натпис „стоп за смртната казна“.
„Додека се егзекутираат невините Иранци, Махлаха Џабери мислеше дека би било добра идеја да се облече фустан на кој е сошиена јамка, а потоа да сними заводливо видео користејќи ја песната која стана химна на демонстрантите. Апсолутно срамно“, напиша новинарот Јашар Али на својот Twitter профил.
Малку подоцна, манекенката одговори на критиките, велејќи дека сакала да го сврти вниманието на медиумите кон незаконските егзекуции на иранскиот народ, но дека не смеела да дава политички изјави за време на фестивалот, па морала да го сокрие натписот на нејзиниот фустан.
Иранската организација за човекови права со седиште во Норвешка на 19 мај соопшти дека најмалку 90 луѓе биле егзекутирани во Иран од 1 мај и дека Иран продолжува да се соочува со остри санкции од САД, ЕУ и ОН за кршење на човековите права и поради својата нуклеарна програма.