Девојка од скопската населба Илинден e исчезната, а апел за нејзиното пронаоѓање е објавен преку социјалните мрежи.
Според информациите, таа излегла вчера во 18:00 часот и со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 см, тежина 56 кг, а очите се кафено-зелени.
Апелот е објавен од Ивана Тасевска, која ги повикува сите ако ја забележат да се јават во најблиската полициска станица.
„На 02.08.2024 околу 23:45 часот И.Т. (33) од н. Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.