Искандер - смртоносниот ѕвер: Со ова убиствено оружје Ерменија му се заканува на Азербејџан

Ерменија е стратешки сојузник на Москва во Јужен Кавказ и без поддршка на Русија и нејзините системи Искандер, кои ги чуваат нејзините граници, има малку шанси да преживее. Министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, вчера изјави дека вооружените сили на Азербејџан имаат соодветен одговор на можната примена на системот Искандер од Ерменија, што предизвика страв од ескалација на конфликтот.

Што е Искандер?

Искандер е универзален и повеќенаменски систем од кој можат да се истрелуваат крстаречки и балистички ракети, што овозможува овој систем да се користи и во локални конфликти и во операции со висока прецизност, но и во случај на масовен конфликт и голема војна.

Откако се појавија ракетниот систем Искандер, предизвикува нервоза кај Западот, бидејќи го бие глас дека му нема рамен во светот во однос на прецизноста, деструктивната моќ, кратката подготовка за стрелање и други параметри. Воени експерти истакнуваат дека Искандер е напредно оружје што нема никаков пандан во арсеналот на западните армии, а може да носи и нуклеарни боеви глави.

Министерството за одбрана на Русија еднаш со гордост истакна дека Искандер М на Запад, и во целиот свет, нема ривал во својата класа во однос на прецизноста на пукањето, деструктивната моќ, кратката подготовка за стрелање, како и другите параметри.

Искандер М може да ги уништи непријателските ракетни системи, повеќецеветни ракетни фрлачи, артилерија со долг дострел, командни пунктови и комуникациски центри, авиони и хеликоптери на аеродромите, на растојание до 500 километри. Искандерите се, како што тврдат експертите, еден вид гаранти за рамнотежата на силите во Европа.

Воениот експерт Дмитриј Корњев, главен уредник на порталот MilitaryRussia, објасни дека суштината на современите руски ракетни комплекси е во тоа што различни боеви глави, како и разни системи за водење, можат да бидат поставени на една ракета, во зависност од потребата.

„Балистичките ракети користат касетни боеви глави, а може да се инсталираат боеви глави со голема експлозија. За ваков напреден систем како Искандер, би било чудно да нема боеви глави со нуклеарно полнење. Слична е ситуацијата и со крстосувачките ракети, кои исто така можат да бидат испукани од тој систем“.

Пред извесно време се појави нова модификација на балистичката ракета за системот Искандер, која може да се искористи дури и за навлегување под земја и за уништување на утврдувањата и зајакнувањата на темелите на непријателските пунктови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена една од најголемите историски мистерии: Научниците прочитаа документ стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

Решена една од најголемите историски мистерии: Научниците прочитаа документ стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе