Искрен трејлер за „Batman Returns“
Има толку многу филмови за Бетмен што понекогаш е тешко да се избере верзија за која поваќето фанови ќе се согласат дека е најдобрата – од изборот на актерот за главната улога, до приказната и режијата.
„Batman Returns“ од 1992 година во режија на Тим Бартон, е вториот филм за суперхеројот на Warner Bros. во кој Мајкл Китон го игра Бетмен.
Филмот има неповторлива актерска екипа – Мишел Фајфер, Дени Девито, Кристофер Вокен – но сепак доби измешани критики.
Сега доби и искрен трејлер.