Искуство од Кина: Можно е истовремено да имате и грип и коронавирус

Многумина се загрижени како коронавирусот ќе влијае на здравјето на луѓето кога ќе почне сезоната на грип. Guardian го дава одговорот на ова прашање.

Во Велика Британија се стравува дали болниците ќе можат да се изборат и со грипот во текот на сезоната. Загриженоста е значително зголемена затоа што нема знаци дека пандемијата со новиот коронавирус ќе спласне.

Барбара Рат од Универзитетот Нотингем  смета дека најголем проблем ќе биде да се дијагностицира за кој вирус станува збор, дали заболениот има грип, коронавирус или друго респираторно заболување.

„Губењето на осетот за вкус и мирис не е својствено само за коронавирусот. Ќе ни требаат подобри дијагностички тестови за да ја забележиме разликата меѓу вирусите. На здравствените работници ќе им биде потребна подобра заштитна опрема за да можат подобро да се грижат за пациентите заразени со коронавирус“, смета Рат.

Не е познато ни тоа како коронавирусот се однесува во присуство на други вируси. Јан Мекеј од Универзитетот во Квинсленд предупреди дека еден човек може истовремено да се зарази од два вируси.

Дали тоа се однесува и на коронавирусот?

„Знаеме дека со коронавирус може да се зарази човек заоблен од грип. Прв таков случај беше 44-годишен Филипинец во Кина, кој почина. Тоа што не го знаеме е дали грипот дополнително ја загрозува состојбата на личноста која има коронавирус. Загрижувачки е тоа што починатиот Филипинец е млад човек“, истакна Флоријан Крамер од Медицинскиот факултет во Њујорк.

Лекари од болница во Вухан соопштија дека коронавирусот во овој дел од светот се појавил во јануари и февруари во период на сезонски грип. Нагласуваат дека имало доста заболени и од коронавирусот и од грипот. Предупредуваат дека таквите пациенти имале поголеми оштетувања на срцето и посилни воспаленија и дека многу од нив починале.

Токму затоа експертите сметаат дека е важно вакцинирање против грип пред да почне сезоната, вакцинацијата е ефективна кај 70 проценти од вкупната популација која ја примила.

Најлош исход би било ако овогодишниот грип не биде како оној од претходната година, односно ако се појави во нов облик. Тогаш не би помогнала ниту вакцинацијата.

Со години се развиваат вакцини кои би штителе од секој сој на грип, но никогаш не се целосно испитани. Малку компании се заинтересирани за тоа бидејќи тоа би значело замена за сите постоечки вакцини кои мора да се купуваат повеќе пати.

Но, тестирање на универзална вакцина сега ќе биде финансирано од Европската инвестициска банка. Израелската компанија Biondvax објави дека ќе направи тестирање на 12.400 луѓе. Резултатите треба да бидат познати кон крајот на годинава. Ако бидат позитивни, ќе може да се направи 20 милиони дози од оваа вакцина годишно.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе