Исмаил: Исламофобија е поддршката за НАТО и нивниот геноцид во муслиманските држави

По однос на интерпелацијата за Гаши и по однос на обвинувањата од Гаши дека станува збор за исламофобија, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил - Хактан, на собраниската седница ја истакна тезата дека исламофобија е поддршката за НАТО и геноцидот во муслиманските држави.

„Ако ги погледнете сите индекси на исламофобија, ќе забележите дека токму европските земји, особено земјите на НАТО, се едни од најголемите исламофобични општества. А вие, драги колеги, со бранењето на овие знамиња на НАТО и ЕУ ги поддржувате исламофобичните општества и со тоа треба да се соочите еден ден! Значи, вие сте исламофоби, само што религијата ја искористувате за свои лични лукративни интереси.

Гледаме дека владејачкото мнозинство е спремно по секоја цена да ги брани своите функционери, па дури и ако тие извршиле бескруполозни прекршувања и на Уставот, и на законите, и на принципите на секуларизмот. Актуелниот претседател на Собранието, Гаши, да имаше политичка култура, самиот ќе си поднесеше оставка.

Наместо да покажат политичка култура и Гаши да поднесе одговорност, тие ни пуштаат голобради момчиња да ни покажат дека сторителите за скандалот на аеродромот биле казнети во МВР. Ние со интерпелацијата не бараме Гаши да биде кривично казнет. Ние бараме политичка одговорност! Тоа е поентата.

Претседателот Гаши во својата одбрана си даде за право да донесе верски суд дека ние кои се залагаме за оваа интерпелација не сме муслимани. Исламот не суди заради правење или неправење на верски обреди. Суди за искористување на државниот буџет за лични интереси. Да бевме во некоја шеријатска држава, шеријатскиот суд ќе му пресудеше на Африм Гаши, а не ова Собрание кое што е храм на секуларизмот. Секуларизмот обезбедува инклузивност и толеранција.

Конечно, принципот на секуларизам обезбедува избирање на добар управник! Традицијата на исламските општества предвидува да се избере управник без разлика на неговите религиска или друга припадност, туку да ја врши функцијата за кој е избран. Вие фаворизирајќи религиски и етнички избраници, само ја поттикнувате нетрпеливоста“, заврши пратеникот на Левица.

реклама

Од 11 март почнува голема финансиска среќа за еден хороскопски знак

Read more

Како реагираше Јокиќ откако го удри Дончиќ?

Read more

Каде се селат богатите инвеститори по нападите во Дубаи?

Read more

Трамп: Иран изгуби сè што можеше да изгуби, нема потреба од копнена инвазија

Read more

Македонија

OJO отвори предмет за неправилности во ЦРС во врска со трагичниот настан во Тафталиџе

Read more

Сончево со температури до 19°C, од недела заладување со услови за дожд

Read more

Делови од Карпош денеска без струја и вода

Read more

Собранието ги изгласа измените на законите за градење и градежно земјиште

Read more
 

Вести

Колку ги чини Американците еден ден војна против Иран?

Читај повеќе

Поскапуваат пченицата, маслата и месото 

Читај повеќе

OJO отвори предмет за неправилности во ЦРС во врска со трагичниот настан во Тафталиџе

Читај повеќе

Косовската претседателка го распушти парламентот и распиша нови избори

Читај повеќе

Пресврт: САД ѝ дозволија на Индија да купува руска нафта

Читај повеќе

Сандерс: Нетанјаху конечно најде претседател на САД кој рече „да“

Читај повеќе

Исланд оди на референдум за преговорите за пристапување во ЕУ

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој со пиштол пукал и им се заканувал на сопругата и ќерките

Читај повеќе
  • filter

6 март 1937, родена е Валентина Терешкова, првата жена во вселената

Читај повеќе