Историчари од поранешна Југославија во одбрана на Македонија во спорот со Бугарија

Скопје, 18 ноември 2020 (МИА) – Група историчари од поранешните југословенските републики Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Србија, со потпишување заедничката Декларација „Да ја одбраниме историјата“, реагираат на, како што наведуваат, злоупотреба на историјата во процесот на европските интеграции на Северна Македонија од страна на Бугарија.

Заедничката декларација е потпишана и од голем број други интелектуалци од поранешна Југославија, кои исто така протестираат поради одлуката на Софија заради историски прашања да го блокира почетокот на преговорите за пристапување на земјава во ЕУ.

Во целост  ви ја пренесуваме Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“.

„Судирите за историјата и историските симболи повторно се важна политичка тема во Југоисточна Европа. Во текот на последните месеци, Владата на Република Бугарија се заканува со блокада на почетокот на преговорите помеѓу Брисел и Скопје, барајќи од Северна Македонија да ја прифати ‘историската вистина’ дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени и дека македонската нација ја создале Тито и Коминтерната.

Поаѓајќи од ставовите изразени во Декларацијата ‘Да ја одбраниме историјата’, ние, потписниците на ова писмо, изразуваме протест и осуда на овој пример на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Сметаме дека овој пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но и за самата Европска Унија. Наметнувањето ‘историски вистини’ е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создале сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право.

Затоа, бараме од историчарите во Северна Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите во својата дисциплина. Од политичарите бараме да водат одговорни политики, да не ги подржуваат историчарите кои поттикнуваат националистички конфликти и да не вршат притисоци кои доведуваат до фалсификување на минатото. Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија кои овие денови на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа да не дозволиме преку искривување на историјата да се уништуваат принципите на кои се темели идејата за обедината Европа.

Ние, потписниците на ова писмо даваме поддршка на интелектуалците и историчарите во Северна Македонија и Бугарија кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професиоја и професионалните стандарди. Само солидарни можеме да ги совладаме озбилните пречки кои стојат пред нас!“, се наведува во Декларацијата „Да ја одбраниме историјата“ потпишана од историчари и други интелектуалци од поранешните југословенски републики заради злоупотребата на историјата во процесот на европските интеграции на Северна Македонија од страна на Бугарија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе