Историска одлука на ИОК: еСпортот ги доби своите Олимписки игри

Првите Олимписки игри за е-спорт, за кои ИОК преговара за вклучување на игриците „League of Legends“, „Street Fighter“ и „Rocket League“ меѓу дисциплините, ќе се одржат во Саудиска Арабија во 2025 година.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) официјално на состанокот во Париз го одобри формирањето на Олимписките игри во еСпортот. ИОК овој настан го смета за историски, додека претседателот на таа организација, Томас Бах, одлуката ја нарече „почеток на нова ера“.

Комитетот на почетокот на јули објави дека првата Олимпијада за еСпорт, официјално Олимписки еСпортски игри, ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2025 година, но нивното одржување дури сега е официјално одобрено. ИОК потпиша и 12-годишен договор за соработка со Саудиска Арабија.

„Со создавањето на Олимписките еСпортски игри одржуваме чекор со дигиталната револуција“, рече Бах.

ИОК веќе почна да го развива квалификацискиот процес за учесниците, како и други детали, како што е изгледот на локациите каде што ќе се одржат Игрите. Според француски L'Équipe, Комитетот преговара за вклучување на игриците „League of Legends“, „Street Fighter“ и „Rocket League“ меѓу дисциплините на Олимпијадата за еСпорт.

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) претходно објави дека планира да биде домаќин на официјален фудбалски турнир за еСпорт на кој ќе се игра видео игрицата „Rocket League“. Тој турнир ќе се одржи пред крајот на 2024 година, што ФИФА го оцени како „револуционерен“ потег.

реклама

Земјотрес ќе се врати во Скопје кога МКЦ ќе им се врати на скопјани

Read more

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, полицијата го пронашла врзан во автомобил

Read more

Тајната за совршени ќофтиња е во една едноставна состојка

Read more

Измерена најдолгата змија во светот

Read more

Гејминг

Switch стана најпродаваната конзола на гејмерскиот гигант Nintendo

Read more

Sony патентира контролер без физички копчиња

Read more

Што најмногу се играше на PlayStation во 2025 година во САД и Европа?

Read more

Откриени нови детали за GTA 6

Read more
 

Гик

Колку ќе чини Xiaomi 17 Ultra во Европа?

Читај повеќе

Apple тесно го победи Samsung во продажбата на телефони

Читај повеќе

Сајбер експертите предупредуваат: Не заборавајте да исклучите една функција на телефонот

Читај повеќе

Колосална сончева ерупција ги оневозможи радио сигналите низ Африка и Европа

Читај повеќе
  • filter

Помеѓу историјата и митот: Европа каква што ја знаеме денес не би постоела без нив

Читај повеќе

Вселенскиот телескоп James Webb ја откри најоддалечената галаксија досега

Читај повеќе

Switch стана најпродаваната конзола на гејмерскиот гигант Nintendo

Читај повеќе

Ако ова е вашиот PIN, сменете го веднаш

Читај повеќе
  • play_arrow

Морничаво: Moya ја замаглува границата помеѓу луѓето и роботите

Читај повеќе