Истрагата се води во институциите, а не во јавноста и медиумите, вели Спасовски

Дали се приведени некои лица во врска со автобуската несреќа во Бугарија, јавноста ќе биде информирана во соодветен момент, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти Спасовски, лицата се достапни, тука се и се разговара со нив врз основа на наредби од Јавното обвинителство (ЈО). Пронајдено е нешто и во компјутерите што беа одземени од туристичката агенција, но и тоа се факти кои ќе ги анализира ЈО.

Деталите не може да се кажат сега, потенцира министерот, зашто истрагата се води во органите, а не во медиумите.

– Ќе има разговори и со патници од другите автобуси кои вечерта биле во таа група. Но, се чекаат наредбите и врз основа на нив ќе постапуваме зашто сè што не се прибира како материјал согласно наредба на надлежните органи, не се користи како доказ. Веќе се прибираат вакви податоци од ЈО преку МВР, потенцира Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која беа и министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски.

Според него, се знае кога пристигнале останатите автобуси во државава, но не се влезени сите во конвои.

– Има точна временска рамка кога пристигнале и кои патници. Сите тие податоци се достапни и се во Обвинителството, рече Спасовски.

Тој порача за фактите околу оваа и сите други истраги, да се слушаат само надлежните органи.

– Истрагите се водат во институциите, а не во јавноста. Слушајте ги официјалните информации што се пренесуваат од страна на надлежните органи, сè друго е шпекулација. Ако сакаме да имаме информации и факти, треба да ги слушаме надлежните органи, напомена министерот.

Тој дополни и дека сè што е побарано од бугарскиот истражен тим како податок, документ, материјал или информација, е прибрано и доставено.

Спасовски информира и дека е заведен посебен предмет во Обвинителството за да бидат утврдени сите аспекти поврзани со правното лице и да има одговорност.

– Заведен е посебен предмет во Обвинителството кој треба да ги утврди сите факти и докази кои се во корелација со несреќата и со незаконското работење на компанијата. Заведовме и посебна оперативна обработка која нема да се однесува само на една компанија, туку на сите фирми и институции. Ќе се прават проверки за секој аспект: од добивање лекарски уверенија на возачите до добивање лиценци. Секаде каде што ќе се утврдат пропусти и неправилности, ќе има одговорност, истакна Спасовски.

Во однос на одговорноста, тој го впери прстот и кон одолговлекувањето на постапките.

– Одговорноста е едно од најважните прашања. Многу е важно да имаме ефикасни постапки. Сметам дека не само интуициите кои постапувале пред истрагата или во истражната постапка, туку и во рамки на судските постапки треба да биде динамично. Ако тоа не е случај, а гледаме дека со Ласкарци тоа не е случај, ќе треба да се носи и друга одговорност. Секој од нас нема да верува во системот во кој има одложување на правдата. Затоа ќе мора час поскоро сите институции да бидат ставени во функција за да има конкретна одговорност. Инаку, сите контроли, постигнувањето добри резултати во однос на жртви и повреди, сиот кредибилитет го рушат еден или два случаја со загинати и постапки кои се одолговлекуваат во судските лавиринти, рече Спасовски. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе