Истражување: Колку секс е доволно?

Истражување објавено од Универзитетот во Торонто откри дека постои врска меѓу сексот и чувството на среќа.

Кога сте опкружени секојдневно со стрес, сосема е нормално да не ви е дојдено до секс. Но, ако сакате да го унапредите вашиот сексуален живот, нема ништо лошо во тоа. Всушност, постои веројатност доколку имате повеќе секс во врската или во бракот, да бидете посреќни и позадоволни во неа.

„Изгледа дека секс еднаш во неделата е доволно за одржување на врската и зголемување на среќата во неа. Но, ако сакате повеќе секс, за тоа треба да разговарате со партнерот“, вели сексологот Џес О’ Рајли.

Податоците од истражувањето покажуваат дека луѓето на возраст од 29 години имале секс околу 112 пати годишно, што е од прилика два пати неделно. Паровите од 30 до 39 години признале дека имаат секс 86 пати годишно. Луѓето постари од 45 години секс имаат еднаш неделно.

„Некои луѓе имаат среќни врски и немаат секс. Постојат луѓе кои имаат помала желба и тоа е сосем нормално“, вели О’ Рајли.

Важно е да се знае дека сексот ја ублажува напнатоста во врските. Колку почесто имате секс и сте поотворени еден кон друг, толку е поголема веројатноста дека полесно ќе комуницирате со партнерот за вашите сексуални фантазии и желби.

Но, тоа што немате секс секоја вечер не значи дека не сте среќни.

„Не чекајте вашите расположенија да се совпаднат, едноставно прашајте го партнерот што сака“, советува О’ Рајли.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе