Истражување: Колку трае имунитетот по заразување со коронавирусот?

Луѓето кои прележале COVID-19 имаат краткотраен имунитет на коронавирусот. Ново истражување на Кралскиот колеџ во Лондон откри дека имунитетот трае само неколку месеци, пренесе BBC.

Во студијата учествувале 96 лица на кои било проучувано како се создаваат антитела на вирусот и колку долго се задржуваат. Резултатите покажале дека антителата почнуваат да исчезнуваат три месеци по закрепнувањето.

Според крвните тестови, дури и луѓето со благи симптоми имале имунолошки одговор на вирусот, но помалку од луѓето со потешки форми.

Само 16,7 проценти сè уште имале високо ниво на антитела 65 дена по првите симптоми.

Сепак, не е јасно дали по исчезнувањето на антителата лицето останува чувствително на истиот вирус и дали повторно може да се зарази. Во истражувањето се додава дека и во случај да не се детектирани антитела, тоа не значи дека нема имунитет.

Студијата покажа дека антителата не се единствените кои даваат заштита, бидејќи заштита има и од Т-клетките кои помагаат во борбата против вирусот.

– Дури и ако на крајот немате антитела, тоа не мора да значи дека немате заштитен имунитет затоа што веројатно имате клетни со имунитетна меморија кои можат брзо да преземат активности за да предизвикаат нов имунолошки одговор ако повторно стапите во контакт со вирусот, така што може да имате поблага инфекција, вели професорката за вирусна имунологија Мала Мани, консултант на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Професорот од клиниката Ворвик, Џејмс Џил вели дека дури и оние кои имаат позитивен тест на антитела, особено оние кои не можат да објаснат како биле изложени на вирусот, треба да продолжат да бидат внимателни, да се придржуваат до мерката за физичко растојание и да користат маски.

За сега останува да видиме што се случува доколку лицата дојдат во контакт со вирусот по вторпат или третпат и дали организмот ќе се бори на истиот начин.

реклама

Од отворањето на градинките досега - 15 заразени деца и 44 вработени

Read more

Даниел Крег повеќе нема да биде Џејмс Бонд: Кој ќе го замени?

Read more
Фејл компилација - неписменост и други проблеми

Фејл компилација - неписменост и други проблеми

Read more
Како најлесно да ја исчистите белата гума на патиките?

Како најлесно да ја исчистите белата гума на патиките?

Read more

Здравје

Зошто некои од заразените со коронавирус се асимптоматски?

Read more

Зошто треба да јадете дури и кога не чувствувате глад?

Read more

Што ви е потребно оваа зима? Намирници богати со пробиотик

Read more

Австралиски истражувачи открија кои мерки против корона се ефикасни

Read more

Магазин

Фудбалерката Меган Рапино ја запроси кошаркарката Сју Бирд

Читај повеќе
  • play_arrow

Среќа во несреќа: Остана нечепнат по сообраќајка пред нос

Читај повеќе
  • play_arrow

Tinder има нова опција - користете ја внимателно

Читај повеќе
  • play_arrow

Дин по 2 месеца се враќа кај лавовите - добредојде или?

Читај повеќе
  • play_arrow

4 идеи за вкусен доручек со јајца

Читај повеќе

Утре има ретка Сина Месечина: Ќе биде среќна за четири хороскопски знаци

Читај повеќе

Зошто некои од заразените со коронавирус се асимптоматски?

Читај повеќе

Зошто треба да јадете дури и кога не чувствувате глад?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дали би се преселиле? – Италијанско село нуди 20.000 евра за да почнете бизнис

Читај повеќе