Истражување: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги

Речиси една третина од испитаниците од државава опфатени со истражувањето „Нови дигитални навики“ на Visa трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5%) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Секој втор испитаник (56%) користи онлајн услуги неколку пати на ден и речиси секој (99%) тоа го прави преку смартфон.

– Четворица од десет Македонци наведуваат дека нивните навики станале подигитални или се претежно дигитални, како резултат на пандемијата. За половина од испитаниците, приватното време е најдигиталниот аспект од нивниот живот. Една третина велат дека е работата, а за 15% одговорот е забава, поради големото време поминато на останатите стриминг платформи, а само 5% ја користат за здравје, што подразбира закажување вакцинации и лекарски прегледи, онлајн обуки или следење на здравјето преку апликација, стои во истражувањето.

Речиси половина од учесниците во анкетното истражување ја имаат посочено „брзината“ како најважен фактор при одлучувањето за користење на виртуелни услуги (49%), потоа „едноставноста“ со 27%, „пристапноста“ со 22% и на крај „безбедноста“ со помалку од 1%.

Денешниот потрошувач, покажува истражувањето, е подготвен да им даде приоритет на личната благосостојба и слободното време, наместо да прави сѐ пеш. На прашањето кој дел од нивниот живот значително ќе се подобри со поголема употреба на апликации и онлајн платформи, четворица од десет испитаници ја посочиле јавната администрација.

Во иднина, над една третина од испитаниците мислат дека нивните дигитални навики ќе се зголемат во работите поврзани со работата. На второ место се транспортот и здравјето (24%) и финансиските услуги (20%), како и купувањето, со истиот процент. Ова покажува дека Македонците се прилагодиле на дигиталните светски трендови и сакаат да ги вклучат практичноста и придобивките од дигиталната технологија во нивниот секојдневен живот, стои во истражувањето.

Меѓу главните платформи, секој втор испитаник најчесто користи е-банкарство и дигитални плаќања (51%), платформите за стриминг се на второ место (30%), а потоа следат апликациите за нарачка и испорака на храна (17%), додека само 1% од популацијата користат апликации за транспорт со такси.

Тагови
реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Македонија

Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Read more

Поскапува бензинот од полноќ

Read more

ПРИЗМА: Тони опасна прашина се разлева на плац зад „Макстил“

Read more

Законот за пушење следната недела пред Владата – фазната имплементација не значи одложување

Read more
 

Вести

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе

Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Поскапува бензинот од полноќ

Читај повеќе

Вагнер е „воскреснат“ и има нова мисија

Читај повеќе
  • filter

Младите во Сараево ѝ порачаа на власта: Не убива трамвајот, туку небрежноста

Читај повеќе

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ендрју Тејт тврди дека Епстин е жив

Читај повеќе

ПРИЗМА: Тони опасна прашина се разлева на плац зад „Макстил“

Читај повеќе