Истражување: Пицата може да ја подобри продуктивноста на работното место

Ден Ариели, професор по психологија и бихевиорална економија спроведе истражување во склоп на книгата „Payoff: The Hidden Logic That Shapes Our Motivations“ за тоа што го мотивира поединецот за работа.

Тој ги поделил учесниците во четири групи и испратил по една порака на почетокот на работната недела.

На првата група напишал услов ако секој ден учесниците ги исполнат дневните квоти, на крајот на неделата ќе добијат пица. На втората група ветил паричен бонус за истата работа, на третата писмена пофалба до шефот, додека на четвртата група не ветил нешто специфично.

Уште на крајот од првиот ден забележал дека пицата е најголем мотиватор првата група да го подигне нивото на продуктивност за 6.7 проценти. Пофалбата кај шефот исто така им значи на луѓето бидејќи третата група била за 6.6 проценти повеќе продуктивна.

Интересна е и групата со ветен паричен бонус. Иако многумина мислат дека тоа најмногу би ги мотивирало вработените, тие го подигнале нивото на продуктивна работа за 4.9 проценти во текот на првиот ден, а веќе во следните два дена биле за 13.2 проценти помалку продуктивни.

До крајот на неделата Ариели пресметал дека продуктивноста севкупно опаднала за 6.5 проценти. До крајот на неделата прва била групата со ветена пица, и понатаму била најмногу мотивирана и продуктивна. Зад неа била групата со ветена пофалба кај шефот.

Заклучокот е дека на луѓето понекогаш поважни им се близината, топлината и дружбата со колегите и шефот по добро завршена работа отколку парите, пренесе Independent.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Живот

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more
 

Магазин

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе