Истражување покажа дека универзумот е рамен и во склад со нула

Иако универзумот е огромен, истражувачи со помош на пресметки успеаја да дојдат до одговор на прашањето кое многумина ги интригира.

Астрофизичарот Дејвид Спергел од Универзитетот Принстон со децении наназад го проучува обликот на нашиот универзум, а во една од своите студии се бавеше со ова прашање така што на основа на космички микробранови позадини израчунал неправилност и дошол до одговор дека количината на позитивната и негативната енегргија во универзумот се исти и согласно тоа се поништуваат, или со други зборови, тој е рамен.

Спергел додава дека тоа не е единствената причина зошто верува дека универзумот е рамен, бидејќи и мерењата на брзината на ширењето опфатена со Хабловата константа покажала слични резултати. Тој објаснува дека универзумот уште од Големата експлозија се ширел со голема брзина што и го направило рамен - или барем приближно рамен. Доказ во прилог на неговата теза за обликот е и она што научниците го нарекуваат критична густина.

Според оваа теорија хипотетичкиот универзум би требало да биде погуст од критичната густина и заоблен како сфера, а тоа на крајот би довело до негов колапс поради силата на гравитацијата - феномен познат и како „Големо стискање“. Меѓутоа, сите мерења на нашиот универзум сугерираат дена има густина помала од критичната, што значи дека е рамен и дека неограничено ќе се шири.

Ист од секој агол

Од друга страна универзумот е и изотропен, што значи дека изгледа исто од секој агол. Физичарите од институтот за нуклеарни истражувања во Русија пред две години ги анализирале податоците за осцилациите во „барионската“ материја, како и модели колку брзо се формирале атомските јадра потешки од водород по Големата експлозија, за да ја проценат заобленоста на универзумот.

„Во различни геометрии, материјата и светлината различно еволуираат, што ни овозможува од добиените податоци да добиеме одговор за обликот на универзумот“, рече тогаш лидерот на студијата, Антон Чудајкин. Уште еднаш, научниците дојдоа до истиот заклучок - неговата просторна заобленост е „во склад со нула“, што имплицира дека е рамен, или подобро кажано - бесконечен.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе