Италија се откажа од Starlink поради Маск

Италијанските власти ги замрзнаа преговорите со SpaceX за пристап до мрежата Starlink, потврди министерот за одбрана Гидо Крозето во опширното интервју за La Repubblica објавено вчера.

Европските претставници постојано го критикуваа американскиот милијардер Илон Маск за неговите изјави за Украина и Европа. Тие, исто така, претходно се судрија со Маск поради загриженоста дека пристапот до мрежата Starlink може да биде прекинат во Украина.

Претходно оваа година, италијанската влада ја истражуваше можноста за договор со Старлинк, но опозициските политичари остро ја осудија идејата, повикувајќи се на коментарите на Маск за Украина.

„Ми се чини дека сè е запрено... Темата се префрли од Starlink на изјави од и за таа личност“, изјави министерот за одбрана Крозето.

Тој додаде дека преговорите во моментов се во мирување и дека Италија ќе се фокусира на она што е „корисно и безбедно“ за земјата како дел од нејзините одбранбени договори.

Италија во моментов не работи на договор со Starlink, но ќе ја разгледа можноста во иднина, истакна Крозето.

„Техничкиот план не се разгледува. Кога ќе се смират контроверзите и ќе дојде вистинското време, ќе се разговара на техничко ниво“, додаде тој.

Европските власти изразија загриженост дека Starlink би можело да го прекине пристапот на Украина на интернет по медиумските извештаи дека Вашингтон наводно се заканил дека ќе ја прекине услугата за да изврши притисок врз Киев да потпише договор за минерали со САД.

Пристапот до интернет преку Starlink е клучен за комуникацијата меѓу украинските сили на бојното поле.

На почетокот на март, Маск се судри со полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски и високи претставници на Белата куќа околу веродостојноста на таквите тврдења.

По притисокот од украинските сојузници, Маск негираше дека пристапот до Старлинк може да биде отповикан.

„Да бидам совршено јасен – без разлика колку не се согласувам со политиката кон Украина, Starlink никогаш нема да ги исклучи своите терминали“, рече Маск.

реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Вести

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Read more

Google блокирал пет милијарди реклами

Read more

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Read more
 

Гик

Серијата книги Wheel of Time повторно ќе се претвори во игрица

Читај повеќе

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Читај повеќе

Instagram има адут во трката со TikTok

Читај повеќе

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе