Една 23-годишна Италијанка била под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Pfizer/BioNTech, објави денеска агенцијата АGI.
Девојката била во добра состојба откако примила течности и парацетамол по инјекцијата во неделата.
Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка ѝ го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози.
Претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Pfizer беа ограничени на четири дози, пишува АGI. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови.
Предозирања со вакцината на Pfizer/BioNTech претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел.