Италијански боксер величеше нацизам во рингот

Со бројни тетоважи од нацистички и фашистички симболи на телото, боксер се бореше во ринг и стана главна тема во Италија.

Бокс натпревар од супер-лесна категорија кој во саботата вечер се одржа во Трст ја потресе Италија поради тетоважите на едниот боксер, оној домашниот. Микеле Броли боксуваше против Мароканецот Хасан Нурдин и иако го загуби натпреварот токму тој е во центарот на вниманието.

Имено, 28-годишниот Броли во рингот влезе со куп тетоважи на неговото тело, но убав поглед на деталите откри шокантни пораки: нацистички и фашистички симболи.

Италијанецот на своето тело меѓу бројните тетоважи има и знаме со ознаката SS на злогласната нацистичка специјална единица Шуцштафел (Schutzstaffel - скратено SS), како и бројот 88 кој кај белите супремасисти го означува нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ (Х е осма буква во германската азбука).

Згора на тоа, Броли има и тетоважи од скинхед група, како и симбол на тотенкопс паравоената единица која ги контролирала концентрационите логори во нацистичка Германија.

Борбата беше во живо пренесувана онлајн од страна на La Gazzetta dello Sport, а се вели дека пред почетокот тој од својот агол упатил нацистички поздрав со раката исправена напред.

„Се згрозив кога ги видов нацистичките тетоважи на телото на Броли. Покрај тоа, тој и неговата екипа се поздравуваа со римскиот поздрав (испружената рака прифатена од Хитлер и Мусолини всушност датира од антички Рим и во Италија сѐ уште ја нарекуваат римски поздрав, заб. на прев.). За нив тоа е нормално, за мене не е. Морам да напоменам дека Броли со мене цело време беше учтив, пред и по борбата. На крајот ми ја честита победата“, вели противникот на Броли и победник на борбата, Нурдин.

URL

Во Италија постои закон со кој секаква манифестација на фашизам и нацизам се забранети, а секоја личност која на било каков начин ќе се обиде да ги оживее би можела да се соочи и со казна затвор до две години.

Отворена е истрага како Италијанската боксерска федерација му дозволила на Броли да се натпреварува со такви тетоважи.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе