Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Иницијативата на Il Foglio, либерален дневен весник, е дел од едномесечниот новинарски експеримент кој има за цел да го демонстрира влијанието на технологијата за вештачка интелигенција врз работата, рече основачот на весникот Џулиано Ферара.

На 4 страници „спакуван“ е во тенко издание на весникот, а од денеска е достапен на киосците и онлајн.

„Тоа ќе биде првиот дневен весник во светот создаден целосно со вештачка интелигенција. Сè, од пишување, наслови, цитати, а понекогаш дури и иронија“, вели Ферара. Додаде дека улогата на новинарите ќе биде ограничена на „поставување прашања на алатките за вештачка интелигенција и читање на одговорите“.

Експериментот доаѓа во време кога новинските организации ширум светот се борат со тоа како треба да се распореди вештачката интелигенција. Претходно овој месец, Guardian објави дека BBC News ќе користи вештачка интелигенција за да ѝ обезбеди на јавноста поперсонализирана содржина.

Насловната страница на првото издание на Il Foglio AI содржи приказна која се однесува на американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го „парадоксот на италијанските Трампјанци“ и како тие се бунтуваат против „културата на откажување“, а сепак или замижуваат, или уште полошо, „слават“ кога „нивниот идол во САД се однесува како деспот на банана република“.

На насловната страница има и колумна со наслов „Путин, 10 предавства“, со напис во кој се истакнуваат „20 години неисполнети ветувања, искинати договори и изневерени зборови“ од Владимир Путин, рускиот претседател.

Од другата страница е приказната за тоа како младите Европејци бегаат од стабилни врски.

На последната страница има писма до уредникот од читатели кои биле генерирани од вештачката интелигенција, со едно прашање дали вештачката интелигенција ќе ги направи луѓето „бескорисни“ во иднина.

„AI е одлична иновација, но сè уште не знае како да нарача кафе без да го погреши шеќерот“, стои во одговорот генериран од вештачката интелигенција.

Ферара истакна дека Il Foglio AI одразува „вистинско новинарство“ и е производ на „вести, дебата и провокација“. Но, тоа е и полигон за тестирање за тоа како вештачката интелигенција би можела да функционира во пракса, притоа гледајќи какво влијание ќе има врз производството на дневни весници со технологија и прашања не само од новинарска природа.

„Тоа е само уште еден Il Foglio направен со интелигенција, не го нарекувајте вештачки“, рече Ферара.

Онлајн изданието на весникот можете да го погледнете на следниов линк: www.ilfoglio.it/il-foglio-ai/.

реклама

Вести

Единствено во светот: Кратка историја за необичното знаме на Непал

Read more

ChatGPT годишно троши двојно повеќе струја од цела Македонија

Read more

Starlink и кинеските сателити речиси се судрија

Read more

Нов Android мaлвер ги заклучува телефоните и ги снима жртвите

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Сега и никогаш повторно: Како да ја видите кометата 3I/Atlas кога ќе помине покрај Земјата?

Читај повеќе

Цените на RAM меморијата драстично се зголемија

Читај повеќе

Единствено во светот: Кратка историја за необичното знаме на Непал

Читај повеќе

ChatGPT годишно троши двојно повеќе струја од цела Македонија

Читај повеќе

Starlink и кинеските сателити речиси се судрија

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новата гејмерска столица на McLaren чини 2.000 долари

Читај повеќе

Нов Android мaлвер ги заклучува телефоните и ги снима жртвите

Читај повеќе

Apple ги откри најпопуларните апликации за iPhone и iPad

Читај повеќе

Големи промени од 2026 година: Европска земја ги забранува социјалните мрежи за деца

Читај повеќе