Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Иван Чупиќ, еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, по завршувањето на оваа сезона заминува во пензија.

Легендарниот 39-годишен крилен напаѓач на хрватската репрезентација и моментално член на Загреб, најверојатно во четврток ќе го одигра последниот натпревар во кариерата, кога Загреб со победа против Нексе може да обезбеди нова шампионска титула.

Тоа е прв натпревар од плеј-офот со три победи, но се зема предвид и односот меѓусебни од регуларниот дел од сезоната. Загреб ги доби двата натпревари, па во пресрет на првиот плеј-оф натпревар води со 2:0 и му е потребна само една победа за шампионската титула.

Чупиќ кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце, Вардар, а од 2021 година е во Загреб. Освои осум титули во националниот шампионат, една Лига на шампиони со Киелце, а дури две со Вардар, во кои го постигна и решавачкиот гол за европската титула.

Речиси цела кариера ја одигра без еден прст

Во хрватската репрезентација игра од 2005 година, а на домашен терен има сребро и бронза од Светското првенство, две сребра и бронза од ЕП и олимписка бронза од Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Покрај сето тоа, Чупиќ играше без прст на левата шутерска рака во последните 16 години од кариерата, која ја загуби во бизарна несреќа. Според Sportske novosti, Чупиќ сака да остане во ракометот и да работи како тренер.

Тагови
реклама

Речиси магичен пијалак за слабеење согорува масти додека спиете

Read more

Ѓоковиќ откри што ѝ рекол на принцезата Кејт на Вимблдон, се осврнал и на нејзиниот изглед

Read more

Финансиски хороскоп од 15 до 21 јули

Read more

Трик како да постигнете совршен вкус на варената пченка

Read more

Ракомет

Пролет се засили со Стојчевиќ, нов договор за Василевски

Read more

Пелистер е меѓу 12-те клубови кои побарале вајлд карта за Лигата на шампиони

Read more

Пролет остана без искусниот бек: Пецаковски ја заврши кариерата

Read more

Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Read more
 

Спорт

Избран најдобриот тим на ЕУРО, доминираат Шпанците

Читај повеќе

Унаи Симон ќе паузира до октомври

Читај повеќе

Саутгејт поднесе оставка, не е повеќе селектор на Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијаниот Кукуреља пееше за себе и не го исполни даденото ветување

Читај повеќе

Ѓоковиќ откри што ѝ рекол на принцезата Кејт на Вимблдон, се осврнал и на нејзиниот изглед

Читај повеќе
  • play_arrow

Родри ги налути Англичаните со провокации за Гибралтар, Мората го потсети каде игра

Читај повеќе

Хаман: Од 10 најлоши натпревари на турнирот Англија играше на 7

Читај повеќе

Шаќири се повлече од швајцарската репрезентација

Читај повеќе

Мората се сели во Милан

Читај повеќе