Ивица Димитријевиќ: Филмот „Копање“ кај мене издлаби многу дупки од кои се надевам ќе излезат гејзери, но и затрупа многу сомнежи

Александра Спасеска
/ 27.02.2018 / 15:07

Долгометражниот игран филм „Копање“, работен според истоимената претстава на германскиот драматург Кристијан Винклер, која беше поставена во Македонскиот народен театар во април, 2017 година, ќе има премиера утре, 28 февруари, во кино „Фросина“ (МКЦ).

Приказната ја следи повторната средба на двајца другари од детството што немаат никаков контакт шеснаесет години. При повторното запознавање се открива нивното заедничко минато, причината за разделбата и причината за повторно обединување. Филмот е целосно реализиран во сопствена продукција на „МИ Филм“. Благодарение на целата екипа, која безрезервно се вклучи во овој проект, снимањето на филмот се одвиваше шест снимачки ноќи кон крајот на месец јуни, 2017 година.

Главните улоги ги играат Гораст Цветковски, Александар Ѓорѓиески и Ивица Димитријевиќ, кој заедно со Мартин Иванов се потпишуваат и како продуценти и режисери на филмот. Процесот на снимање на овој филм по принципот „направи сам“ беше повеќе од интригантна причина непосредно пред премиерата да поразговараме со Ивица Димитријевиќ, сестран уметник кој работи во полето на театарот, филмот, музиката...

Неколку дена пред премиера, возбудата е сигурно на едно сосема ново ниво. Без разлика што приказната веќе живееше на сцена и тоа многу успешно, филмот е еден сосема поинаков формат. Но, тоа не е најинтересниот дел. Филмот го снимивте, како што рече ти во интервјуто за Радио МОФ, со магија.

- Јас би рекол радост наместо возбуда , а радост пред сѐ дека на премиерата ќе се собере се надевам целата екипа која беше дел од филмот на било кој начин и дека сите заедно ќе го изгледаме делото што сме го направиле плус придружени од други гледачи, пријатели , непријатели... кои ќе бидат со нас таа вечер на тој свечен чин.  И плус радост дека по премиерата публиката ќе може да го види филмот и во редовен кино репертоар.

Да се вратиме малку назад. Ти како уметник функционираш во повеќе сфери. Дали тоа искуство со различни уметнички форми ти ја дава, бестрашноста ќе ја наречам, да се нурнуваш во нови искуства? 

- Секое искуство помага во определени моменти, а особено кога искуството  е од иста или слична природа. Моето делување е  во полето на културата и тука многу работи се поврзани, а посебно во филмот кој е обединувач на повеќе сегменти од работите кои и одделно ги правам.

На прв поглед, снимањето на филмот почна „од нула“. Но, не е нула кога за основа има фантастична приказна што веќе допре до публиката и екипа што во финансискиот минус не гледа препрека, туку предизвик. Филмот „Копање“ е доказ дека во создавањето најважно е да веруваш во уметноста која ја живееш. Која беше пресвртната точка кога решивте дека ќе го снимате филмот по принцип  DIY (направи сам)?

- Снимањето тргна од позитивна нула, a тоа беше доволно за да се продолжи со подготовки и реализација на истиот. Пресвртна точка немаше, имаше појдовна точка, а таа беше една  фотографија од проба на претставата. Што се однесува на начинот на снимање тоа беше од старт јасно дека ке одиме DIY поради повеќе причини. 

„Копање“ е приказна за длабењето во човечките приказни, но уште поважно, копање во самиот себе. Колку тебе те издлаби оваа приказна?

- Копањето во себе или подобро соочувањето и разговорот со себе си за мене е суштински. Секако тоа понекогаш нуди одговори кои не би сакале да ги чуеме и воочиме но сепак помага нештото да се разбере, согледа , разреши...  Целиот процес на создавањето на филмот „Копање“ кај мене издлаби многу дупки од кои се надевам ќе излезат гејзери, но и затрупа многу сомнежи и дилеми.

Дали „герилата“ ќе продолжи и во промовирањето на филмот?

- Промовирањето продолжува со сите расположиви сили и можности кои ги нуди денешното време.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе