Излегоа шокантни детали: iPhone 17 Pro го има најрадикалниот редизајн досега

iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max, во нивното 17-то издание, наводно би требало да се вратат на алуминиумските рамки, да добијат сосем различни модули за камера и заден дел полу алуминиум полу стаклен.

Се чини дека Apple подготвува нешто малку неочекувано. По претставувањето на серијата iPhone 16 оваа есен, за разлика од другите телефони, моделите Pro не претрпеа дизајнерски „третман“.

Неколку месеци подоцна, пристигнуваат информации дека тоа би можело да се случи следната година, со пристигнувањето на моделите iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max, кои навестуваат некои прилично изненадувачки промени во дизајнот.

Тие два телефона, во нивното 17-то издание, наводно ќе се вратат на алуминиумските рамки, напуштајќи го експериментот со употреба на титаниум по само две генерации.

Исто така, на задната страна на следната генерација на помоќни iPhone-и, може да има досега невидени испакнати правоаголни модули за камера, кои исто така треба да бидат направени од алуминиум наместо стакло.

Сепак, тоа не е сѐ. Задниот дел на уредот исто така треба да биде изработен од алуминиум, но само одозгора, додека долниот дел ќе биде од стакло, па модулот за алуминиумска камера ќе биде поставен на алуминиумскиот заден панел, пишува The Information.

Стаклениот дела на долната страна ќе им овозможи на идните iPhone-и и натаму да поддржуваат безжично полнење. Инаку, модулот на камерата би требало да биде поголем од претходните модели, што не е изненадување бидејќи е тренд кој трае веќе некое време.

Доколку сето ова се покаже како точно, новата генерација на модели на iPhone Pro би можела да ги донесе најзначајните промени на најпрестижните телефони на Apple во последните неколку години.

Тагови
реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: Има загинати

Read more

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Read more

Мобилни

Redmi Turbo 4 Pro пристигнува со голем екран и моќен процесор

Read more

Серија Redmi Note 14 – со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци

Read more

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Read more

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Read more
 

Гик

Redmi Turbo 4 Pro пристигнува со голем екран и моќен процесор

Читај повеќе

Google Messages ќе поддржува видео повици од WhatsApp

Читај повеќе

Дали знаете кое од седумте чуда на древниот свет сè уште не е откриено?

Читај повеќе

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе