Излегувањето на GTA V за PS5 и Xbox X/S е одложено за март 2022

Иако се очекуваше Rockstar Games да ја објави својата најпопуларна игра GTA V за PlayStation 5 и Xbox Series X/S до ноември 2021 година, фановите на популарниот серијал сепак ќе треба да почекаат до март 2022 година.

И покрај фактот дека љубителите на серијалот GTA V на 9 септември можеа да видат како ќе изгледа PS5 верзијата на најпродаваната игра, ќе треба да почекаат уште некое време за нејзиното официјално излегување.

„Иако сме екстремно возбудени што GTA V ќе пристигне и на најновите генерации конзоли, на играта ѝ требаат уште неколку месеци за да се исполира и фино да се подеси“, објаснуваат од Rockstar Games.

Remote video URL

Како што објаснија од компанијата, GTA V на новите генерации конзоли треба да има подобрена игра, повеќе експлозивни акции и уште неколку детали кои не ја карактеризираа играта на претходните платформи.

Со оглед на тоа што GTA V доживува еднаква популарност во онлајн изданието, Rockstar Games објави дека GTA V Online исто така ќе биде вклучен на новите платформи PlayStation 5 и Xbox Series X/S.

GTA V за првпат беше лансирана за PlayStation 3 и Xbox 360 во 2013 година и оттогаш играта е продадена во над 150 милиони копии.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе