Новата зомби апокалипса на малите екрани ја носи Netflix кој денеска објави и краток тизер за овој нов филм.
По една зомби апокалипса во Ла Вегас, група платеници земаат огромен ризик влегувајќи во карантинската зона од градот со цел да го изведат најголемиот грабеж во историјата.
Режијата е на Зак Снајдер чија идеја е и самата приказна за која сценариото го напишаа Шеј Хатен и Џоби Харолд.
Во главните улоги се Дејв Батиста, Ела Парнел, Ана де ла Регера, Гарет Дилахант, Раул Кастиљо, Омари Хардвик, Тиројуки Санада, Тиг Нотаро и Матиас Швајгхефер.
Премиерата на филмот Netflix ја закажа за 21 мај, а дотогаш ќе пушти и официјален трејлер.