Излезе трејлерот за „Street Survivors: The True Story of the Lynyrd Skynyrd Plane Crash“
Филмот е снимен по вистинит настан, односно ги следи случувањата на рок бендот „Lynyrd Skynyrd“ и нивната авионска несреќа во 1977 година која го преполови бендот.
Тој 20 октомври 1977 Convair CV-240 остана без гориво по што пилотите се обидоа принудно да слетаат по што 6 од 26-мината во авионот загинаа. Меѓу загинатите беше и фронтменот Рони Ван Зант, гитаристот Стив Гејнс, помошниот вокал Кеси Гејнс, менаџерот Дин Килпатрик, како и двајцата пилоти.
Приказната се врти околу тапанарот Артимус Пајл кој го преживеа падот.
Бендот најмногу се прослави со хитот „Sweet Home Alabama“ кој излезе три години пред несреќата.